Audi го потврди влегувањето во Formula 1

Големата награда на Белгија, која се вози во недела на патеката Спа-Франкоршамп, се наближува, а оваа година ќе биде во центарот на вниманието поради повеќе од една причина…

Имено, оваа година главна вест е враќањето на Audi во Formula 1.

Долго време се шпекулираше дали Audi или Porsche ќе бидат следното големо име во најбрзиот циркус во светот, а Audi премиерно ќе го претстави својот нов автомобил во недела. Ќе треба уште долго да чекаме на првата официјална трка за германскиот тим. Од Audi ни велат дека тоа нема да се случи до 2026 година, но дека чекањето ќе вреди бидејќи „трките му се во крвта на Audi“.

Во претходните години, компанијата посветуваше најголем дел од своето време на натпреварување во шампионати за издржливост, со значителен успех, а во следните четири години треба да дебитираат нови правила во Formuls 1, што ќе му овозможи на германскиот гигант да биде рамноправен конкурент.Споменатите нови правила се однесуваат на новата генерација на мотори, кои и понатаму ќе бидат со внатрешно согорување, но треба да имаат нула емисија на издувни гасови.

Лидерите веруваат дека ќе успеат во тоа благодарение на употребата на биогорива како и додавањето на нови електромотори.Крајниот резултат би требало да биде околу илјада коњски сили во споредба со 850-те „грла“ со кои можат да се пофалат денешните турбо бензинци со шест цилиндри. Медиумите шпекулираат дека германскиот производител на возила, исто така, планира да ја користи Formula 1 за тестирање на нова и напредна технологија која подоцна ќе се користи на патните автомобили.

 

Аudi ни кажува дека ова е прв пат по повеќе од десет години мотор произведен во Германија да придвижува Formulа 1 болид.На прашањето кој ќе биде партнер на германскиот тим, челниците се уште не се подготвени да дадат веродостоен одговор. Претходно се споменуваше дека тоа би можело да биде Sauber, откако преговорите со McLaren пропаднаа, особено откако Alfa Romeo најави дека ќе ја прекине соработката со швајцарскиот тим по 2023 година. Audi не се задоволува само со најава за појавување во Formulaа 1, туку повторно ќе го видиме во Светскиот шампионат во издржливост, во категоријата на новиот прототип LMDh.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Formula1 објавен календарот за наредната сезона со рекордни 24 трки!

Porsche и Red Bull партнерство што нема да се случи

Испораките на електричниот камион Tesla Semi започнуваат кон крајот на годинава

Nio отвора прва фабрика за електрични автомобили во Европа

Formula 1 од 2025 година со потполно одржливи горива

BYD станува „кошмар“ за Tesla и VW

Apple презема важен инженер од Lamborghini

Chevrolet Seeker Официјално

Победничкиот болид на Шумахер Ferrari F300 на аукција