Audi годинава подготвува неколку големи премиери

На презентацијата на новата генерација на Q3 на Audi, во Шпанија, брендот со четири прстена во логото најави неколку премери за годинава ….

Па така во вториот квартал на тековната 2019 Audi ќе го претстави редизајн на A6 Allroad, базиран на караван верзијата  A6 Avant и ќе биде со под повеќе оддалечен од подлогата како и дополнителна заштита на подвозјето браници и прагови ….

 

Моторизацијата ќе биде пренесена од A6 Avant и може да очекуваме и 3.0 V6 TFSI со 340 KS, како и 3.0 V6 TDI со 286 KS, со максимален вртежен момент од 620 Nm.

 

Во исто време како и A6 Allroad, од Audi ќе го понудат и освежениот модел TT RS кој ќе помине слични дози на освежувања и однадвор и внатре  како и стандардниот модел.

Засега нема технички карактеристики за овој модел и не се знае дали моторот со работен волумен од 2,5-литри и пет цилиндри, надграден со турбина ќе биде засилен на повеќе од 400 KS и 480 Nm вртежен момент.

Третиот квартал ќе биде преполн со новитети и Audi ќе ги претстави новите Q4 и RS7 Sportback, како и e-tron изведбите на моделите Q5 и A7.

Кон нив ќе се приклучат и освежените изведби на A4 и Q7.

Конечно кон крајот на 2019-та производителот на премиум автомобили од Инглоштад ќе ги претстави новите A3, RS6 Avant и RS Q3.

Исто така на пазарот ќе биде претставен и A8 L e-tron, како и електричниот e-tron Sportback.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Електричниот Audi e-Tron GTR – наследник на супер спортистот R8

PSA го префрла производството на Opel Astra од Британија во Германија!

Ford Mustang најпродаван coupe на светот четврта година по ред!

Honda концепт ја најавува електричната иднина во Кина на Шангај 2019

Најавен електричен хипер автомобил Lotus Type 130

Renault со нов дизајнерски центар во Шангај

Детектори што препознаваат дали користите мобилен додека возите!

VW размислува да земе поголем пакет акции од заедничката компанија со ЈАС

Geely лансира нов електричен бренд -Geometry со „убиец“ на Тesla Model 3!