Audi и FC Bayern München продолжуваат заедно- фудбалерите добиваат e-tron!

Баварските титани, секој во својата област, продлжуваат заедно да „возат“ а соработката што почнала во 2002 година ќе трае сигурно до 2029 година и еве ги плановите …

Премиум производителот од Германија Audi e ексклузивен автомобилси партнер на фудбалсиот гигант Баерн ( FC Bayern) од Минхен.

Следната декада е насочено на стратешка соработка во подрачјето на иновативен маркетинг и елекктификацијата.

Како јасна референца на таа обврска, во тековната 2020 година сите лицензирани играчи на најуспешниот германски клуб ќе добијат целосно електрични Audi e-tron автомобили.

Поккај тоа, Audi акционер во FC Bayern München AG и тоа од 2011 година.

Заедничките случувања и иновации доведоа и до познатиот Audi Cup, што во минатата 2019 година се одржа шсти пат и тоа на велелепната Allianz Арна, каде во подготвителната фаза пред секоја сезона се собира ремот клупскиот светски фудбал.

Кар Хајнц Румениге (Karl-Heinz Rummenigge), извршен директор на FC Bayern München изјавил: „ Многу сме среќни со рано постигнатиот договор за продолжување на соработката со Audi. За фудбалскиот клуб Баерн  овој договор е ваен стратешки чекор во иднината. ФК Баерн и Audi соработуваат повеќе од една и пол деценија на доверлив начин, сериозно и во орист на двете марки.“

Од Audi исто така изразуваат големо задоволство од продолжувањето на соработата до ФК Баерн.

ФК Баерн од Минхен (‘FC Bayern München) совршено се вклопува во новите стратешки насоки на Audi“  изјавил пред насобраните новинари и гости Хилдегард Вортман (Hildegard Wortmann), член на управата на Audi AG за маретинг и продажба.

 

Двте силни марки се познати по премиум искуствата ширум светото.

„ Сакаме да бидеме блиски со нашите обожаватели, купувачите и потенцијалните купувачи. Како екслузивни автомобилси партнери на ФК Баерн Минхен, имаме можност да ја претставим електричната мобилност и поврзаност и истите да ги претвориме во реални искуства “, додаде таа.

Александер Сеиц (Alexander Seitz), член на управата на Audi AG одговорен за финансии, Кина и правните работи изјавил:

„ Нашата соработка со ФК Баерн Минхен као еден од најдобрите фудбалски клубови на светот со 650 милиони обожаватели ширум планетава и 135 милиони навивачи токму во Кина, отвора нови, заеднички маркетинг можности. Посебно, тука мислам, на Кина, најважниот пазар за раст на Audi.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Unimog се „качи“ на највисокиот вулкан во светот и стана апсолутен рекордер

PD One автомобил што лета инспириран од Ferrari

Светската тнисерска ѕвезда- Новак Ѓоковиќ во реклама за Peugeot e-208

Автомобилската колеција на Пол Вокер продадена за 2,33 милиони доалри

BMW i4 concept пристигнува за малку повеќе од еден месец во Женева!

За првиот нов Chevrolet Corvette Stingray платени 3 милиони долари!

Специјална Royale серија модели на Maserati за супер избирливи клинти!

Ford Mustang GT од филмот Bullitt продаден за 3,74 милиони долари

Hongqi H9 –Премиум ривал на германското свето тројство доаѓа од Кина