Групацијата Volkswagen потврди дека Audi и Porsche ќе се приклучат на Formula 1 натпреварувањето…
Веста дојде од Херберт Диес (Herbert Diess), извршен директор на групацијата VW, за време на разговорот што се емитуваше во понеделникот вечерта на каналот YouTube на големиот конгломерат.
Одлуката двата бренда да влезат во F1 е донесена поради зголемената популарност на спортот ширум светот и можноста што произлегува од новите регулативи кои ќе стапат на сила во 2026 година, пишуваат специјализираните портали.
Иако Херберт Дис не навлегува во детали, многу е веќе познато.
Така Porsche има за цел да воспостави долгорочно партнерство со Red Bull, односно да произведува мотори. Автомобилите ќе работат на синтетички горива, а Porsche веќе инвестираше во оваа технологија и планира да ја користи како гориво за своите легендарни модели, особено за 911.
Audi оди по друг пат и ќе се обиде да го преземе McLaren за околу 50 милиони евра.
Влезот во Formula 1 е исто така планиран за 2026 година, кога на сцената ќе стапат нови правила.