Audi ќе ја збогати палетата на RS модели со шест новитети

Во неколку наврата спомнавме дека Audi годинава слави 25-годишнина од RS 2 Avant и компанијата сега објави тизер-слика на која се прикажани шест претстојни RS модели што треба да се појават во блиска иднина…

Од Инглоштад веќе најавија сигурна премиера на два нови RS модели, а сега преку тизер-слика тие не само што го потврдуваат ова, туку и најавуваат дополнителни четири нови модели на спортската линија.

Но од Audi сепак не сакаат да кажат кои модели ни претстојат, а од тоа што може да се навести од фотографијата е дека првите два се RS6 Avant и RS7 Sportback.

Двата новитета би требало да дебитираат на во септември тековната 2019 година на салонот за автомобили во Франкфурт, а под хаубата би тебало да биде инсталиран twin turbo бензинец, со работен волумен од 4,0– литри, со осум цилиндри поставени во форма на лаатинскаѕта буква V, со моќ до 641 КЅ.

Претходните шпиунски фотографии ни покажаа дека може да очекуваме агресивен преден дел, спортско подесена суспензија и масивни тркала, кои се поткрепени со систем за сопирање со високи перформанси – керамичко – карбоснки со повеќе клипови на шепите.

Тие исто така ќе имаат двоен издувен систем и скромно ревидиран ентериер со изобилство на материјал од јаглеродни влакна.

Следните два модели навистина личат на RS изведби на Q3 и Q3 Sportback, и би можеле да доаѓаат со бензинец со работен волумен од 2,5 литри, со пет цилиндри, со турбо полнач и моќ од околу 414 КЅ.

Петтиот модел е најтаинствен од групата на фотографијата , но неговите фарови ги имитираат тие вградени на редизајнираните A4 и S4, а новината би можела да биде RS4 Avant, опремана со twin turbo бензинец, со работна зафатнина од 2,9-лити, со шест цилиндри во „V“ конфигурација, со  444 КЅ.

Последниот модел, според силуетата наликува на RS Q8., за кој се предвидува исто така twin turbo бензински мотор со работен волумен од  4,0-литр, со осум цилиндри поставени во форма на буквата „V“ со  641 КЅ.

Како и да е од Audi не ги откриваат дополнителни информации и спецификации околу најавените модели, па ни останува да почекаме и да се надеваме дека ќе ни бидат достапни на авто-салонот во Франфурт идниот месец.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Милиони животи да се спасат на патиштата“- Жан Тод

Nissan го лансира специјалниот GT-R50 Italdesign вреден над милион долари !

Скроен планот за старт на Formula 1 сезоната!

Нашите Твинговци со два тима во ТОП 10 на трката во издржливост на Endurance Race LEMA Гробник 

Македонските „Твинговци“ со фантастичен настап на „Гробник“

АКК Рено Спорт ја стартува втората сезона на  Twingo Cup  со интернационален трка на „Гробник“

Toyota ја претстави унапредената GR Supra за 2021 со 387 КС

Ferrari го претстави својот нов болид – SF1000

Carlos Sainz, Ricky Brabec и Andrey Karginov „кралеви“ на Dakar 2020