Audi најавува нови електрични RS автомобили и RS SUV модели

Извршниот директор на Audi Sport ветува нови спортски модели што со право ќе ја понесат значката RS…

Зборувајќи за британскиот Autocar, Себастијан Грамс рече дека тимот разгледува „различни типови концепти“ за да го замени суперавтомобилот со среден мотор. Наследникот на супер спортскиот автомобил на брендот со четири прстени во логото – R8 мора да одговара на стратегијата за електрификација на Volkswagen Group, а истото може да се каже и за TT.

Матичната компанија на Audi  гигантот од Волфсбург – Volkswagen мора да даде зелено светло. Грамс рече дека во иднина „дефинитивно“ ќе има повеќе теренци (SUV / crossover) со ознака RS, без да навлегува во детали. Извршниот директор на Audi Sport вети и дополнителни електрични RS автомобили кои ќе го следат RS E-Tron GT.

Идните модели без мотори со внатрешно согорување се дизајнирани без да додаваат премногу тежина со наоѓање совршена рамнотежа помеѓу моќноста и дополнителниот капацитет на батеријата. Покрај тоа, на пат има и plug-in хибридни спортски автомобили и тие „нема да бидат ништо помалку неверојатни од она што го возите денес“.

Не сите модели ќе добијат третман RS бидејќи германската марка сака да го избегне она што Себастијан Грамс го нарекува „RS – инфлација“.

На прашањето дали посветеноста на компанијата за Formula 1 од 2026 година со Sauber ќе го намали буџетот за истражување и развој за патни автомобили, шефот на Audi Sport рече дека тоа нема да биде случај, oдносно истржувањата и инвестициите и во таа насока ќе продолжат со не смален интензитер.

До крајот на оваа деценија, поточно до 2030 година сите модели на Audi Sport до одреден степен ќе бидат електрифицирани, што значи дека деновите на автомобилите што користат само мотори со внатрешно согорување се одбројани.

Во меѓувреме, компанијата веќе ја отфрли можноста за производство на погонски единици со четири цилиндри за RS моделите, за разлика од Mercedes-AMG со својата линија „45“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И официјално Lamborghini Revuelto

Subaru планира нови хибридни и електрични автомобили за Америка

Пристигнува електричен VW Golf

Електричен Ram 1500 REV

Сите нови модели на ултра луксузниот бренд Rolls Royce ќе бидат електрични

Honda стартува со производство на новиот систем на горивни ќелии

Втора пролет на Dacia Spring

Емисиите кај хибридните автомобили се тројно поголеми одошто покажуваат официјалните тестови

Електричниот Rolls-Royce Spectre ја заврши третата фаза на тестирање