Audi најдобра марка во категоријата задоволни клиенти!

Според истражувањата на независната агенција JD Power, производителот на премиум автомобили од Германија веќе втора година едно по друго бележи одлични резултати …

Имено, во испитувањето на оваа реномирана агенција  Audi освоил најмногу симпатии според JD Power индексот за услуги за корисниците.

Германскиот производител оваа ласкава титула ја прими, деновиве, во Музејот на науките, во Лондон.

Студијата е работена на темел на искуството што го споделија сопствениците на возилата од марката Audi, формирана врз основ на задоволството при одржувањето, или при сервисирањето – поправките на возилата.

Од самата услуга за сервисирање, потоа од љубезноста на персоналот, па се до останатите придружни услужни фактори.

Во таа анкета Audi постигнал вкупен резултат од 889 бодови, што е подобрување за 23 бода, во однос на претходната 2018 година, кога исто така се закити со ова признание.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

VW ги решил софтверските проблеми и продолжува со испораки на новиот Golf

Шпионски фотки на Mercedes GLC

Патниците во автомобили од пониска класа во сообраќајки гинат двојно повеќе од тие во повисока!

Renault и официјално доби државен заем, но останатите кармејкери од Франција не реагираат!

Honda глобално повлекува над еден милион возила!

Неизвесна судбината на Mitsubishi  на европскиот пазар

VW инвестира две милијарди евра во EV

Салонот за автомобили во Женева можеби засекогаш замина во историјата!

Германија – Преполни плацови со нови возила купувачите претпазливи