Audi: Наследникот на култниот бренд со четири споени круга славви 110 години

На 16 јули 1909 година е роден еден од водечките германски автомобилски брендови, наследник на некогашниот Auto Uniona, што со Mercedes-Benz и BMW го прави „Светото германско тројство“ и од 1964 година е во сопственост на Volkswage…

Производителот на автомобили од Германија, со седиште во Инглоштад- Audi,  наследник е на славниот концерн Auto Union, создаден 1932 година со спојувањ на компаниите : Audi, Horch, DKW и Wanderer, што се случило на 16 јули пред точно 110 години.

Тогаш е создадена и славната ознака четирите споенио круга. Името на компанијата Audi е добиено сосема случајно – Имено Аугус Хорх  (August Horch), кој живеел од 1868, до 1951 година, во 1899-та ја основал марката Horch, од која во 1909та го истиснале партнерите и му забраниле да го користи името Horch.

Поради тоа, на 16 јули 1909 година во Цвикау (Zwickau) ја основа компанијата Audi. Тоа е латинска транскрипција на германскиот збор Horch (чуј), императив од audire (да слуша – да чуе).

По Втората светска војна главнината на концернот потпаднала под власт на Советкиот Сојуз и останала во тогашната ДДР(Источна Германија) , а од неа се создадени култните социјалистички модели  Trabant и Wartburg.

Во Западна Германија  Auto Union е обновен преку DKW, a интересно е дака и DKW и Wartburg користеле ист двотактен мотор со три цилиндра, развиен во Auto Unionu кон крајот на 1930-те, а во Wartburg се користел се до крајот на 1980-те!

Западно германската компанија, обновена со Маршаловиот план, 1958 година ја купува Daimler-Benz, но во 1964та ја продава на Volkswagen, заедно со потполно новата фабрика на мотори со четири такта.

На таа основа во 1965 година, од моделот со мотор со два такта DKW F102 изведен е првот Audi 60, a во 1968 година и луксузниот Audi 100, кому четирите споени круга повторно, незпирливо тргнуваат кон врвот.

Во 1969 година Volkswagen го купува и NSU, со двата револуционери модели: K70 и Ro 80 (со Wankel- ротационен мотор) и се создава луксузниот бренд Audi NSU Auto Union AG. Успехот продолжиува со Audi 80, „ Европски автомобил за 1973 година“ од кого е произлезен и првиот Volkswagen Passat.

Откако брендовите Auto Union и NSU одумреле, компанијата во1985 година го добива името Audi AG.

Таа компанија е во 100 % сопственост на Volkswagena денес и има погони во Инглоштад ( Ingolstadt) и Некарсулм (Neckarsulm) во Германија, Џер (Györ) Унгарија, Брисел ( Brussels), Белгија, Чангчун (Changchun), Кина, Аурангабад (Aurangabad), Индија и во Куиритиба ( Curitibа) Бразил.

На технолошкото наследство на NSU, компанијата Audi стекна репутација на фирма со иновации, која не се плаши во воведувањето на истите во сериско производство, a најзначаен потфат им е популаризација на quattro погонот кај патничките автомобили.

Кон реномето на компанијата дополнителен придонес дале и спортските победи пред се во рели шампионатот, потоа во DTM шампионатот и на легендарната трка на издржливост 24 часа Ле Ман (Le Mans).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Genesis ќе се продава и во Европа

Почна продажбата на новиот VW Golf8 цената на стартот солена 27,510 евра!

Видео: Од свечената премиера на новиот Kia Хсeed во Македонија

Изненадување:Tesla Model Y со производство стартува порано

Уникатен Rolls-Royce Phantom одии на аукција!

Од Ford – сината боја ќе доминира во 2020!

Во Романија произведена 500.000 Dacia Duster од втора генерација

Автомобилските „папараци“ го уловија новиот Hyundai Santa Cruz

Audi RS 3 (МY 2021) со 410 KS