Audi не се откажува од водородните ќелии!

Фокусот на германскиот гигант и натаму е врз електричните со батерии изведби, но не се откажува и од автомобили што за енергија користат водород и горивни ќелии, за што потврда е и последниот таков прототип…

Во Audi го прифати модерниот тренд на електрификација, при што активно работи на проширување на електричната гама со новите e-Tron Crossover, e-Tron Sportback и e-Tron GT.

Но, иако фокусот е на електрификацијата, компанијата не се откажала од технологијата на водородните горивни ќелии, па иако поминаа неколку години откако Audi го претстави концепт за горивни ќелии, тој и натаму работи на тоа поле и на  крајот на годинава се очекува да биде претставен и прототипот на шестата генерација на горивни ќелии.

Обновениот интерес за водородните системи е резултат на растечката загриженост во врска со снабдувањето на суровини потребни за производство на батериските пакувања.

Прашањата веќе се појавуваат и тие најверојатно ќе станат потешки бидејќи електричните возила почнуваат да го преплавуваат пазарот, а за да се справи со предизвиците кои доаѓаат Audi ќе стане водечка група на Volkswagen за технологијата на водородните горивни ќелии!

“Ќе го зголемиме приоритетот во поглед на водородните горивни ќелии, ќе инвестираме повеќе пари, повеќе капацитет на луѓето и поголема самодоверба”, објасни претседателот на Audi, Брам Шот.

Во насока на тој напор, Audi може да стави возило со горивни ќелии во ограничено производство, а моделот може да се произведе во Некарсулм, Германија и да биде понуден на потрошувачите преку специјална лизинг програма.

Неговото пристигнување е најавено до 2021 годинаа ќе ја користи технологијата на горивни ќелии од Hyundai, благодарение на договорот потпишан минатото лето.

Во блиска иднина би  можеле да очекуваме и дополнителни возила на водородни горивни ќелии, но според Брам Шот, масовното производство би можело да започне дури во втората половина на идната декада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ZF со копилот засега само за отворен пат!

Toyota го забрзува развојот на електричната понуда!

Надворешни перничиња кај автомобилите од ZF

Системот eHorizon на Continental ќе спаси милијарди литри дизел кај шлеперите!?

Mercedes-AMG од 2,0-литри ќе понуди 421 KS!?

Volvo повторно воодушеви на полето на безбедноста

Jaguar Land Rover со нов управувач со сензори за поголема безбедност!

И Honda најави вградување на виртуелни ретровизори!

Титулата „Меѓународен мотор на годината“повторно за 1.0 EcoBoost на Ford!