Audi од 2026 без мотори со внатрешно согорување

Повеќето брендови на автомобили одамна започнаа со електрификација и постепено исклучување на моторите со внатрешно согорување, a некои само за неколку години и засекогаш ќе ги исфрлат од својата понуда..

Токму во оваа втора група на „авангардни производители“ се наоѓа производителот на премиума автомобили од Германија, Audi, што то, по се, се чини дека ќе ја изврши најбрзата транзиција и ќе понуди исклучиво електрични модели.

Од Audi веќе претходно објавија дека целосно престанаа да развиваат мотори со внатрешно согорување, а сега, повторно ги изненадија сите објавувајќи дека од 2026 година воопшто нема да имаат автомобили со вакви мотори во нивната понуда.

Според Sueddeutsche Zeitung , извршниот директор на „Audi, Маркус Дусман, во четвртокот им соопштил на другите директори на компанијата дека постепено исклучување на моделот со мотор на внатрешно согорување ќе стапи на сила до 2026 година.

Интересно, овој извештај посочува дека од таа година, Audi нема да нуди ниту хибридни модели.

Јасно е дека овој пристап и забрзаната електрификација се дел од целокупниот план и стратегија на групацијата Volkswagen, што е доста радикално во споредба со пристапот на другите германски брендови како BMW и Mercedes.

Иако тие веќе имаат неколку електрични модели, нивната стратегија сепак се потпира на мотори со внатрешно согорување и тие се убедени дека тоа ќе биде случај уште подолг период.

Поради слабата достапност на ретки минерали што се користат во батериите, BMW е загрижен дека електричните модели сепак ќе бидат значително поскапи од конвенционалните, и воопшто не планира да го запре развојот на моторите со внатрешно согорување.

Во секој случај, сигурно е дека следната деценија ќе биде пресвртница за автомобилската индустрија, па останува да видиме кој ги направи вистинските потези во вистинско време.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Alfa Romeo Tonale сепак ќе дебитира годинава

Електрична треска во Европа -Франција за две години со тројно поголема продажба на ЕВ

Lexus подготвува ривал на Audi Q2

Италијанската дивизија на Stellantis го напаѓа премиум В сегментот

Запрени испораките на Tesla Model S

Најавен  ЅsangYong Х200

Првиот човек на Alfa Romeo: Мораме да го подобриме квалитетот

BMW M3 CS Пристигнува 2023 година

По извесен период цените на горивата во надолна линија