Audi подготвува нов електричен автомобил како замена за моделот А3

Audi ќе им понуди на клиентите ново помало електрично возило кое се очекува да се заснова на нова платформа за новите генерации електрични возила од групацијата Volkswagen…

„Поставивме курс да бидеме 100% електрични“, рече извршниот директор Маркус Дузман (Markus Duesman) на денешната годишна прес-конференција на Audi.

„До 2027 година ќе понудиме целосно електрично возило во секој клучен сегмент. Неодамна решивме да лансираме и дополнителен електричен почетен модел под Audi Q4 e-tron.

Иако извршниот директор не откри повеќе детали, се очекува новиот модел да послужи како замена за А3.

Се очекува новото електрично возило од почетно ниво да се нуди како hatchback каросеријска изведба и седан (лимузина) со четири врати, пишува британскиот Autocar, повикувајќи се на неименувани извори, блиски до компанијата со четири прстени во логото.

Се очекува моделот да се базира на SSP архитектурата на Volkswagen (Scalable Systems Platform).

Инаку, од VW претходно објави дека архитектурата SSP ќе биде подобрување во однос на сегашната платформа MEB, а ќе нудејќи опсег на возење до 700 km.

Платформата, исто така, ќе биде подготвена за брзини на полнење од 270 kW, што ќе им овозможи на електричните возила базирани на неа да добијат до 129 километри дополнителен опсег за само 10 минути приклучок на брз електричем полнач.

Покрај тоа, идното прво ниво на електричен Audi ќе има корист од новата технологија за батерии „Unified Cell“ на Volkswagen.

Дузман додаде дека Audi планира да претстави 20 нови модели до 2025 година, од кои повеќе од половина ќе бидат целосно електрични.

Електричната замена на Audi за А3 најверојатно ќе го следи пристигнувањето на Q6 e-tron, првиот модел базиран на исто така новата архитектура Premium Platform Electric (PPE).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Aналитичарите гледааат значаен потенцијал во акциите на Ferrari

FIAT водечка автомобилска марка во групацијата Stellantis

На автопатиштата во Јапонија ќе има лента за автономни возила

Јужна Кореја co финансиска помош за производители на батерии

Новиот Fiat Punto ривал на Dacia Sandero

Haval Ruge и Haval Ruge Max

Toyota Motor Manufacturing Turkey

Големата понуда на автомобили може да поттикне „војна на цените“

KIA малите електрични автомобили ќе ги прави во Европа