Audi пронајде начин да помогне да се прекрати времето во карантин

Од маркетинг одделот на Audi подготвија список на филмови во кои што се покажуваат нивните автомобили и секако ви препорачуваат да ги погледнете додека седите дома и ја исполнувате мерката за општествено дистанцирање за да се спречи ширењето на корона вирусот ….

Се почнува со филмот од 1982 година, омилен на многумина од повеќе генерации – “E.T”, во кој можевме да го видиме Audi 5000, додека во филмот Ronnin”  можеме да го видиме Audi S8.

Додека размислувате за тие модели, ќе се потсетиме на познатиот скандал со цигари и филмот “Insider” во кој се појавува автомобилот A4, во “Legally Blonde 2” се покажува моделот  Audi TT модел за 2003 година .

Автомобилот Audi A3 Sportback  игра во филмот “Spiderman returns”, а Џејсон Борн  возел  A5, додека пак  “Iron Man” во својата флота на скапоцени автомобили ги има и R8, S5 и Q7.

Моделот A5 Sportback можеме да го видиме и во филмот  “Taken”.

Сагата за “Wolverine” е зачинета со присуство на Audi R8 Spyder и на A8, a во “Transformersi” се присутни A5 Cabrio и S6.

Во хитот “Fifty shades of Grey” се возени автомобилите R8 Spyder, A3 Sedan, S8, S7 и Q7…

Од горе споменатото може да се заклучи дека гамата на Audi е прилично популарна кај филмските работници …

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Nissan се враќа на голема врата со дузина нови модели!

Ford ги издвојува Bronco и Mustang како посебни марки!

Кои модели на Lada најмногу се исплатливи за првиот сопственик

Mercedes-Benz S-Class (W223) дефинитивно пристигнува есенва!

Lotus Evija во финална фаза !

Škoda тротинет- го собира на местото за резервно тркало

Fiat планира ривал на Nissan Qashqai а се враќа и Fiat Punto

Porsche e „dream car” на повеќето, потврдила анкетата!

Како би можел да изгледа спортскиот модел на Dyson!?…