Audi Q2 станува електричен модел

Пред нешто повеќе од една година новите менаџери на Audi ја потврдија евтаназијата на моделот Q2…

Нема иднина за овој модел, барем не во неговата сегашна форма на термомотор. Претставен на Саемот за автомобили во Женева во 2016 година, беше планирано да му парира на Mini Countryman.

Пред eден месец производителот потврди дека развива нов модел кој ќе стане вовед во однос на електриката, кој во хиерархијата ќе биде под моделот Q4 e-tron. Тој модел ќе ја пополни празнината што ја остави актуелниот Q2, кој штотуку доби мало ажурирање во Италија. Планот е Q2 да се произведува уште една и пол година.

Audi Q2  MY2023 се посвети сериозно на опремата пред пензионирање, со опсегот поделен на пет нивоа на опременост, почнувајќи од основната Base, на која се додадени Business, Business Advance, S line edition и Identity Black, додека SQ2 не спаѓаат во оваа поделба на петте нивоа на опременост.

Засега се нуди само во Италија, со овие пет нивоа на опременост и вкупно осум верзии со моќност (од 110 до 190 коњски сили). Има најмалку 35 верзии, вклучувајќи погон на предни тркала, погон на четири тркала, шестстепен

мануелен менувач и седумстепен S tronic автоматски менувач со двојна спојка.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автономен автомобил IndyCar ќе пристигне во Гудвуд следната година

Volvo сака драстично да ги намали штетните емисии без да навлегува во процесот на производство

Решение за непрописното паркирање во гаражи:

„Charge On Solar“ на Tesla

Nio ES6 има нова батерија со цврст електролит за опсег од 930 km

Новите безбедносни тестови на Euro NCAP

Аеродинамиката во автомобилската индустрија

Моќните семафори во Германија се контролирани од вештачка интелигенција

Audi сака да користи електрична платформа од друг производител