Audi Q5 Sportback, ракавица во лице за Mercedes GLC Coupe и BMW X4

Audi Q5 Sportback, coupе или crossover дериват на Audi Q5, премиум SUV со средна големина од Инголштад, на платформата и механиката на седанот А4, „ударната игла“ од Инголштад пристигнува во декември оваа година…

Audi Q5 е претставен во 2008 година и влезе во рингот на мегдан со моделите Mercedes-Benz GLK и BMW X3.

Произведуван е од август 2008 година, до декември 2016 година и е супер етаблиран на пазарот.

Затоа, моделот од втората генерација, кој пристигна на пазарот во почетокот на 2017 година, дојде на „подготвен терен“

На крајот на годината, пристигнува освежен модел според редовниот план, кој ќе добие поефикасни и привлечни LED елементи за осветлување, почисти и поекономични мотори со 48 V благ (mild)-хибридна поддршка, збогатена опрема и понапредни гаџети.

Во исто време, ќе пристигне долго најавуваната crossover верзија на Audi Q5 Sportback, која треба да ги погоди веќе докажаните играчи, BMW X4 и Mercedes-Benz GLC Coupe (деривати на моделот GLC, кој го замени GLK во 2016 година).

Новиот crossover адут од Инголштад ќе се произведува во турбо-бензинска верзија 2.0, со 150 КС (35 TFSI), 190 КС (40 TFSI) и 245 КС (45 TFSI) и plug-in-хибридни верзии 50 TFSI (299 КС и 55 TFSI) 367 КС).

Секако, во понудата ќе има 2.0 турбо дизели со 163 КС (35 TDI) и 190 КС (40 TDI) и 3.0 V6 со 231 КС (45 TDI) и 286 КС (50 TDI).

Top Gun верзијата Audi SQ5 Sportback ќе биде опремна со турбо дизел 3.0 V6 TDI  мотор, со 347 КС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ford ја претстави Puma ST- перформанс crossover „жешка ѕверка“

Подновениот Range Rover Velar и со plug-in hybrid верзија

Peugeot 508 PSE официјално претставен

И официјалнјо претставен електричниот VW ID. 4

Новиот Renault Megane Conquest – Хибриден SUV Coupe за Стариот континент

Нови камиони на сребрената ѕвезда  Actros F и Edition2

VW со големи планови за ID.4

Први официјални слики на новите BMW M3 и BMW M4

Touring Superleggera се пофали со Aero 3