Аudi Q7 освежување со hybrid погонски системи

Производителот на премиум автомобили од Инглоштад ја освежи и ја збогати понудата на  Q7, па отсега овој голем SUV влезе во ерата на електрификација со хибридно ергеле од 450 КЅ и возење во мод само на струја до   43 km…

Дотераниот  Audi Q7 не само што го вбројува големиот SUV во остатокот на понудата на марката со ликот, туки и на поле на електрификација со воведување на  нов plug-in хибриден погон со две излезни моќности: Q7 55 TFSIe и Q7 60 TFSIe.

Погонската понуда е надградена со  електрифицирана верзија на турбо бензински мотор со работен волумен од  3,0-литри, со шест цилиндри поставени во форма на латинската буква „ V“ со ознака TFSI , што располага со моќност од  335 КЅ и максимален момент на вртење од  450 Nm.

Но, со електричната единица системската моќност на  Q7 55 TFSIe е зголемена на  375 КЅ и 600 Nm, а кај Q7 60 TFSIe таа е зголемена на 450 КЅ и 700 Nm максимален момент на вртење.

Електричниот мотор е интегриран во куќиштето на осум-степениот автоматски менувач, додека потребната енергија ја обезбедува со течност ладен 17,3 kWh литиум-јонски пакет на батерии.

Компанијата тврди дека двата plug-in хибридни модели нудат чист електричен возен режим во распон од  43 km и тоа според WLTP циклусот.

Што се однесува на перформансите, Audi Q7 60 TFSIe до 100 km/h забрзува за 5,7 секунди пред да достигне максимална брзина од 250 km/h, а спринтот кај 55 TFSIe е за 5,9 секунди.

Во електричен режим, SUV моделот може да достигне брзина до 135 km/h., а во однос на потрошувачката, таа комбинирано изнесува 3 l/100km, со CO2 емисија помеѓу 64 и 69 g/km.

Инаку, во Audi планираат до крајот на тековната година да лансираат минимум пет нови plug-in хибридни модели на пазарите ширум Европа , помеѓу кои и: Q7, Q5, A8, A6 и A7 Sportback.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најавен електричен Ford F-150

Toyota Yaris на Euro NCAP crash Test освои 5 ѕвездички

Volkswagen се пофали со можностите поточно со ефикасното полнење на ID.4

Daimler ги претстави водородниот камион и електричниот Actros

Kia Motors ја забрзува деловната трансформација да стане водечки EV бренд

Папараци го „уловија” маскираниот Volkswagen ID.6 на тест возење

Пристигна Lucid Air убиецот на Tesla – закана со основа

Land Rover Defender P400e plug-in hybrid

Porsche планира целосно електрична Panamera!