Audi RS 6: елегантна лимузина претворена во ракета со 600 KС!!!

Перформанс изведбата на лимузината од Инглоштад,  може да развие брзина од дури  305 км/ч и од 0 до 100 км/ч забрзува за само 3,6 секунди…

Програмата RS на Audi, врз база на сериите A4 и A6, се докажал во караванските изведби- Avant. Првата л имузина, Audi RS 6 Sedan, пристигнаво октомври – 2008 година. Но, произведени се само 772 примероци од таа Top-Gun лимузина на база на серијата  C6.

Со времето, се менуваат и вкусовите, a на тоа сигурно влијае и катаклизмата предизвикана со пандемијата од корона вирусот. Луѓето се вртат кон класичните вредности , класичните форми.

Така деновиве од Инглошатд пристигна најава, a тоа е потврдено и со илустрациите на  X-Tomi Design  и Toр Gun лимузинската верзија на актуелната серија C8 на моделот A6, воведена на пазарот 2018 година, а нејзината атрактивност е нагласена со спортската доработка и со тркалата големи 22-инчи, со фелни од алуминиум.

Механиката ќе биде иста како и кај караванската верзија: biturbo бензински мотор со директно вбризгување со мотор со работен волумен од 4.0-литри, познатата  TFSI технологија, со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква V8, со моќност од 600 KС и вртежен момент од 800 Nm.

Огнените кочии големата моќ ќе ја пренесуваат преку осум степен автоматски менувач и погонот quattro (4×4) на сите четири тркала .

Таквата комбинација обезбедува супериорни перформанси: Забрзување од 0 до 100 км/ч за само 3,6 секунди и максимална брзина од 305 km/h.

Интересно, со 48-волтен систем Starter-Generator Audi RS 6 Sedan за 40секунди ќе може на рамен пат да задржи брзина од 160 km/h, a вграден е и системот Active Cylinder Control (ACC) исклучување на работа на еден блок цилиндри (работат четири од осум цилиндри) при возење под помало оптоварување.

Дали ќе стаса овој модел на пазарот зависи од расплетот на глобалната катаклизма предизвикана од корона вирусот, a би можел да биде актуелен наредната 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Киев размислува за забрана на користење на приватни возила

Audi пронајде начин да помогне да се прекрати времето во карантин

И Hyundai го менува логото, а Mercedes ja намали ѕвездата

Електричниот Fisker Ocean ќе има и воена и верзија за спасување

Кампери на три тркала 4.900 долари

BMW M4 ‘ракета’ од Минхен со 510 KС за 3,4 до 100 км/ч!

VW со виртуелна изведба на штандот од откажаниот Салонот во Женева

Уловен Facelift на редизајнираниот Fiat Tipo

VW Camper Van со преку 5.000 КС