Audi RS e-tron GT со 700 КС на струја!

Ауди наскоро официјално ќе го претстави серискиот е-трон GT, кој беше промовиран во форма на концепт пред две години на салонот за автомобили во Лос Анѓелес…

Германците планираат да се натпреваруваат со моделот S на Tesla со овој модел, а како што е најавено, сериското производство ќе започне кон крајот на оваа година.

Производството ќе се одвива во фабриката Некарсулм во Германија, каде се произведува и Audi R8.

Според некои претходни најави, серискиот Audi e-tron GT ќе има погон на сите тркала, а автономијата ќе биде околу 400 км.

Исто така, станува збор за многу динамичен автомобил, со претходната најава дека 80% од капацитетот на батеријата ќе може да се полни за околу 20 минути (батериите се со капацитет од 96 kWh).

Audi сè уште не ги објави спецификациите на серискиот модел, но се очекува да има два електромотори со приближно 590 КС (колку што имаше концепт).

Audi e-tron GT во концептната верзија е долг 496 см, широк 196 см, висок 138 см и има растојание помеѓу оските од 290 см.

Концептот забрзува од 0 до 100 км/ч за 3,5 секунди, додека најголемата брзина беше електронски ограничено на 240 км/ч.

Audi исто така потврди дека врвната варијанта наречена RS e-tron GT ќе биде лансирана истовремено со „обичната“верзија.

RS e-tron GT ќе биде првиот целосно електричен автомобил развиен од „Audi Sport“, со aero- body kit (вклучително и проширувања на калниците и агресивен заден дифузор), како и покрив од карбонски влакна, нови тркала и модифицирана суспензија.

Audi RS e-tron GT ќе има три електромотори (два назад и еден напред) и батерии од 95 kWh, додека моќноста ќе биде околу 700 КС.

Се очекува забрзување од 0 до 100 км/ч да изнесува околу три секунди и да понуди автономија во возењето со едно полнење на пакетот на батерии од околу 400 км.

Додека e-tron GT ќе чини околу 80 000 фунти, перформанс креацијата на струја на производителот на премиум автомобили од Инглоштад – RS e-tron GT треба да има цена од околу 120 000 фунти.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hummer се врати како моќен и целосно електричен pick-up!

VW ID.3 со пер ѕвездички на Euro NCAP

Fiat 500 Elletrica и во Abarth изведба

Во зима електричниот Tesla поминува помалку километри одошто во лето!

Се за првиот потполно електричен автомобил на Dacia

Renault Megane eVision concept

Hyundai има за цел да стане лидер во електромобилноста во Европа

Нова Toyota Mirai пристигнува во декември

Илон Маск и електрични автобуси на избришани „твитови“