Audi RS Q8 го урна рекордот на Nürburgring!

„Господарот на прстените“, a отсега и на Нирбургринг (Nürburgring), возел побрзо од Mercedes-Benz GLE 63 S и така станал најбрз SUV на оваа патека наречена уште и „зелент пекол“…

Моќниот SUV од Афалтербах ( Affalterbach) повторно покажа дека е најсилен. Таа доминација ја потврди на исклучително интересната патека што од возачите бара многу умеење и вештини, но и храброст ,надминувајќи го и така веќе импресивното постигнување од 7 минути и 49,3 секунди и на тој начин му кажа „адио“ на владеењето на Mercedes-Benz AMG GLE 63 S.

Веќе е познато дека новиот и пресолен, со цена Audi RS Q8, под капакот на моторот ќе има инсталиран вистински монструм од бензински мотор – со biturbo технологија, со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква  V, што испорачува моќност од 592 KS и 800 Nm максимален момент на вртење.

Во пракса пак тоа значи дека нуди експлозивни перформанси: забрзување од 0 до 100 km/h за само 3,8 секунди и постигнување на максимална брзина, за возило со вакви димензии и маса, неверојатни 306 km/h.

Навистина повеќе од респектабилни параметри, и нема сомневање, поткрепен со тркала со големина од 23 инча, обуени во ниско профилни спортски пневматици, за патот ќе се држи како брз воз TGV на шини.

Покрај дотераното потпирање од страна на експертите на Audi, овој SUV ќе ги „засрами“ и помалите и од старт по агилни модели.

Тие пак што сметаат дека Audi SQ8 не е доволно брз, ќе мораат уште малку да бидат трпеливи до пристигнувањето на поостриот Audi RSQ8, што својата светска премиера ќе ја има веќе наредниот месец (декември), тековната 2019 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Италија возачите задолжително ќе вградуват аларм за бебиња на седишта

Tesla својот Cybertruck pick up ќе го претстави на 21 ноември

Иднината на Alfa Romeo во PSA Group!

Ford со големи надежи во електричен SUV што наликува на Mustang

Наскоро Wiesmann MF6

Прво видео од новата Škoda Octavia пред светското деби 11.11.2019

Новиот Nissan Patrol ќе се развива заедно со новиот Mitsubishi Pajero!

Автомобил на годината во Германија за 2020 е Porsche Taycan

Lamborghini со тизер на нов хипер автомобил во лимитирана серија!