Audi RS3 со 400 КС

Аudi објави претходно дека новиот „RS3“ (направен на платформата „VW MQB“), кој ќе биде достапен во верзиите Sportback и Sedan, ќе има и своја премиера на лето…

Сега се објавени нови детали и тизер слика на маскираното возило, при што е потврдено дека официјалната промоција ќе се одржи во јули.

Новиот RS3 се одликува со 2,5-литарски петцилиндричен турбо мотор со 400 КС и 500 Nm вртежен момент (20 Nm повеќе од неговиот претходник), 7-степен менувач со двојна спојка и погон на сите тркала, додека забрзувањето од 0 до 100 km на час е 3,8 секунди (0,3 секунди подобар од неговиот претходник и 0,1 секунда подобар од моделот Mercedes-AMG A45 S).

Покрај тоа, RS Dynamic Package ќе биде достапен за новиот RS3 со опција за максимална брзина од 290 km / h.

Исто така, во пакетот има aero body kit, предна саќеста решетка на маската, ознаки на RS, поголеми алуминиумски тркала, прилагодлива спортска суспензија (автомобилот е 25 мм понизок од обичниот А3), Launch Control систем, RS Torque Splitter на RS „во RS Torque Rear мод“ дозволува контролиран „дрифт“ на затворени патишта “), посилни сопирачки (опционални и керамички сопирачки), спортски издувен систем, како и рафиниран ентериер со спортски седишта, спортски волан, алуминиумски педали, 10,1-инчен инфо-забавен систем и дигитална табла со инструменти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Audi Sky Sphere Concept

Fiat Pulse – внатрешност

Новиот Subaru WRX најавен за 19 август

Пристигна Fiat 500 Cabrio Dolcevita – убавина што го одзема здивот

Alpinа B4 Gran Coupe

Пристигна новиот CITROËN C3 AIRCROSS SUV

Најавен и EQS луксузен SUV на Mercedes-Maybach

Fiat Centoventi – новата Pandaпристигнува идната 2022 година!

Great Wall Tank 600