Audi RS7 Sportback  со 962 КС

Тјунерот Black Box-Richter го претстави модифицираниот Audi RS7, откако значително ги подобри перформансите на овој и така веќе моќен модел од Инглоштад…

Audi RS7 Sportback со 4,0-литарски twin-turbo  V8 мотор беше претставен на минатогодишниот Саем на автомобили во Франкфурт.

Располага со моќност од 591 КС и 800 Nm вртежен момент во фабричка спецификација.

Меѓутоа, тјунираната верзија испорачува 962 КС и 1.250 Nm вртежен момент, а тоа е резултат на серија подобрувања.

Затоа, се очекува да достигне забрзување од0 до 100 км/ч побрзо од фабриката спецификација- 3,6 секунди.

Тјунерите на Black Box-Richter го отстранија максималното ограничување на брзината, го подобрија системот за довод на гориво, инсталирале нов филтер и црева за вшмукување со поголем волумен.

Исто така употребен е и поголем влезен разводник и, иако турбо полначите останаа исти, влезовите на турбо полначите сега се поголеми, нови се и сензори за притисок за компресија.

Audi RS7, исто така, доби единствена фолија што го прави да изгледа како да има топографска карта на него. Фолијата е во мат црна боја во комбинација со сребрена боја.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hyundai Sonata N Line

Ваков скок може да изведе само Kia

Новиот Tesla Roadster ќе настапи на Нирбургринг 2021

Наједноставно и најевтино амфибија возило

Radical SR10 за тркачи и вистински ентузијасти во големите брзини

Видео: најава за новите BMW M3 и M4

VW ID.3 најпродаван модел во првата половина на септември во Норвешка!

Dacia најави SUV со 7 седишта за 2021

„Сензационален трансфер“- Rimac станува сопственик на Bugatti