Audi се враќа на Dakar Rally со електрифициран SUV во 2022 година

Германскиот производител на премиум автомобили Audi ги сподели своите планови кога станува збор за мотоспортот, најавувајќи нов екстремен модел за релито Dakar веќе во 2022 година…

Audi го најави својот „иновативен прототип“ чие име се уште не е објавено, што би требало да биде подготвен за учество на рели Dakar во 2022 година. Според најавите на Германците, моделот ќе има електричен погон и високо волтажна батерија, а покрај тоа  возилото ќе биде опремено со „високо ефикасен енергетски конвертер“.

Од компанијата се уште  не кажуваат ништо околу спецификациите, но потврдуваат дека енергетскиот конвертер е TFSI мотор кој служи како генератор за полнење на возилото при возење, што значи  дека моделот претставува електрично возило со продолжена автономија.

Тизерот кој го објави Audi покажува дека овој екстремен тркач за Dakar ќе има тенки фарови и осветлена предна решетка, минимизирана каросерија,  џиновски „off road“ тркала….

Audi ќе се натпреварува на релито Dakar, „еден од најголемите предизвици во мотоспортот“  велат  oд Audi  со напомена дека искуство ќе биде „инкорпорирано во понатамошниот развој на идни електрифицирани сриски модели“.

За жал, ова исто така значи и крај на учеството на Audi во Formula E. Компанијата ќе се повлече по сезоната 2021 откако го имаше „најуспешниот влез во историјата на Formula E со вкупно 43 подиуми, вклучително и 12 победи“, благодарение на Audi Sport ABT Schaeffler тимот.

Кога веќе станува збор за мотоспортот, директорот на Audi Sport Џулиус Сибах истакна дека тие интензивно се подготвуваат за да влезат во новата спортска прототип категорија LMDh, како и трките на 24 часа Дејтона и 24 часа Ле Ман.

На крај ќе потсетиме дека Audi  учествувал на  најтешкото рели на светот  кога го носеше името Paris Dakar во  90 те години на минатиот врк со легендарниот Audi Quattro

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кралот на Дакар ја нанижа и 14-та титула во најтешкото рели на светот

Петерхансел јуриша кон нова круна на Дакар рели!

И официјално F1 сезоната стартува од Бахраин

Дакар Рели 2021 – Петерхансел и натаму на чело

Петтата етапа на Дакар Рели 2021 полна изненадувања

Ал- Атијах, Лопез и Сотников доминираат на третиот ден на Дакар Рели 2021

Карлос Сајнц во водство на Дакар Рели 2021- Етапна победа за дама

Големата награда на Австралија се поместува, F1 сезоната стартува од Бахреин

Почна Dakar Rally 2021