Audi Sky Sphere Concept

Audi претходно потврди три нови концептни автомобили кои ќе бидат претставени во следните 12 месеци…

Главниот дизајнер на Audi, Марк Лихте (Mark Lichte), ги опишува овие автомобили како поглед кон идната насока на марката.

Потпретседателот на Аudi, Хенрик Вендерс (Henrik Wenders), ја нарече концептната колекција „сфери кои обезбедуваат уникатни искуства од висока класа“, посочувајќи ги имињата на три возила: Skysphere, Grand Sphere и Urban Sphere.

Сите три најверојатно ќе најават нова ера на дизајн за марката, чиј автор е Лихте – која е во Audi од 2014 година.

Функциите за автономија и вештачка интелигенција ќе играат клучни улоги во овие возила според Лихте „Тие ќе ве препознаат, ќе ве слушаат и ќе ги читаат желбите во вашите очи. И тие ќе знаат што ви се допаѓа и каде можете да го најдете тоа “, објаснува Лихте.

Skysphere е опишан како возачки автомобил со автономни способности. Името сугерира дека ќе биде кабриолет, а пропорциите најавуваат голем спортски автомобил со долг преден дел.

Како што се очекуваше, SkySphere ќе биде првиот од оваа палета на концепти што ќе биде претставен на јавноста, а тоа ќе се случи на 10 август во дизајнерскиот центар на Audi во Калифорнија.

Skysphere е инспириран од поранешниот луксузен модел Horch 853A, со најава дека ќе има луксузен ентериер со најквалитетни материјали и најмодерна технологија.

Се очекува и целосно електричен погон, но повеќе детали допрва следуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Maserati Grecale пристигнува 16 ноември

Aura EV – футуристички двосед на струја со голема автономија

Идната генерација на Dacia Duster -хибриднa, но и натаму пристапна

Toyota Corolla Cross GR Sport

Во Zenvo Automotive планираат хибриден супер автомобил

Претставен Nissan GT-R:ексклузивна верзија за најсреќните

Citroen C5 Aircross Black Edition

Geely Vision X6 Pro

Претставен BYD Ocean-X Concept