Audi Sport ќе ги електрифицира сите идни RS модели

Сите идни модели на Audi RS ќе бидат електрифицирани, потврди шефот на продажба и маркетингот на Audi Sport, Ролф Михл….

Во интервју за специјализираното издание Autocar, Михл ги откри плановите на марката кои вклучуваат благ хибриден, plug-in хибриден склоп и потполно електричен погон.

Тој, помеѓу дргото, во разговорот рекол дека целта е да се поедностават работите за клиентите, а денес Audi Sport има електрифициран модел RS6 Avant.

Во овој караван со супериорни перформанси, Audi спари 48-волтен благ mild хибриден систем со 4,0-литарски twin – tubo мотор со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква V што испорачува моќност од 591 КС и 800 Nm максимален вртежен момент.

Автомобилот забрзува од 0 до 100 км /ч за само 3,6 секунди додека пак максималната брзина изнесува 250 км/ч.

Силата се пренесува преку осум степен Tiptronic менувач и со Quattro погон на сите четири тркала.

Сепак, Audi полека го развива својот план да понуди plug-in хибридни и потполно електрични RS модели.

Тие треба да пристигнат на пазарот пред 2023 година во форма на plug – in хибриден модел RS4 и E-Tron GT RS.

Миxл рекол дека фокусот на компанијата е сè уште на перформансите и секојдневната употреба.

Електрификацијата се покажа како корисна за перформансите на автомобилот, пред се, благодарение на вртежниот момент што е обезбеден од ваквите погони.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Škoda Enyaq iV- 2021: прв чешки SUV, класа на Kodiaq е навистина „вау”!

Електричен  Aviar R67 – Mustang на струја од Русија

Електричниот Fisker Ocean ќе се произведува во Австрија!

Hyundai го лансира Ioniq како нов суб-бренд за ЕВ

Lucid Air ќe го надмине Teslа во однос на автономијата на EV

Над милион јавни полначи за EV ширум светот

Audi брзината на процесорите поважна од бројот на КС

Групацијата FCA со партнерот Waymo уште поблиску о возење без возач!

Покажан првите примероци на хипер автомобилот Bugatti Divo