Audi TT RS во чест на 40 гдини на Quattro погонот во само 40 примероци

Audi за германскиот пазар претстави специјална верзија на Audi TT по повод 40-годишнината од постоењето на легендарниот модел Ur-Quattro…

Потсетуваме, на Салонот за автомобили во Женева 1980 година Audi го претстави моделот кој стекна статус на легенда во рели шампионатите и беше камен темелник за моделите со високи перформанси, а тоа беше Quattro.

Четири децении подоцна TT RS добива специјална верзија наречена 40 Years of Quattro со која Audi ја прославува важната годишнина.

Достапен исклучиво како купе и наменет ексклузивно за германскиот пазар, специјалниот модел ќе биде произведен во само 40 примероци, еден за секоја година кој мина од претставувањето на легендарниот Ur-Quattro модел.

TT RS 40 Years of Quattro е лакиран во Alpine бела боја, а доби и специјални налепници инспирирани од оние кои ги имаше Audi Sport Quattro S1, легендарниот рели автомобил.

Автомобилот може да се добие и во форма на двосед, а во тој случај задното седиште го заменува попречна шипка која ја подобрува торзионата крутост и ја намалува тежината на автомобилот за 16 килограми.

Рачката од седумстепениот S Tronic автоматски менувач содржи плочка со индивидуален број.

Под хаубата се наоѓа истиот петцилиндричен мотор со турбо полнач кој развива 394 КС и 480 Nm максимален вртежен момент.

Наградуваниот 2,5-литарски TFSI мотор овозможува забрзување од нула до „стотка“ за 3,7 секунди и максимална брзина од 280 километри на час, која е зголемена со тргнување на електронската блокада.

Audi TT RS 40 Years of Quattro без дилеми ќе биде мошне посакуван автомобил, но и мошне скап.

Основниот TT RS Coupe чини околу 66.500 евра во Германија, а специјалниот модел дури 114.040 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рекорд во дрифтање со автомобил на струја!

Несмасно паркирање на електричниот Taycan

Бетонска плоча падна врз паркиран SUV

Специјална едиција на Morgan

Електричен Volkswagen e-Kubel

Dacia Grand Duster со седум седишта

Renault во Индија претстави crossover концепт Kiger

Најавен Mercedes Maybach S Class

Супер гаража вредна 13,5 милион долари design by McLaren