Audi унапреди неколку PHEV модели со помоќни, поголеми батерии

Во Audi одлучија да направи едно мало, но сосема важно освежување и унапредување на своите plug-in хибридни модели Q5, A6 и A7 Sportback а најголемата промена е вградување на поголеми (помоќни) батерии во истите модели…

Како што веќе рековме во овој подналсов во Plug-in хибридните варијанти на SUV моделите Q5, A6 и на A7 Sportback на производителот на премиум автомобили од Инглоштад, сега добиваат поголеми литиум-јонски батерии за уште поголем електричен досег на возење,  односно се здобиваат со поголема автономија.

Новата батерија која е поставена кај овие модели кои го носат TFSIe ознаките во своите имиња сега располага со капацитет на моќност што изнесува 14,4 kWh, наместо претходните 14,1 kWh, па иако на  прв поглед делува минимално, но тоа резултира со поголем опсег на движење при користење исклучиво електрична енергија.

Според новите спецификации, моделите можат да поминат до 91 км во ЕV режим според NEDC, односно 73 км според WLTP циклусот, а новата поголема батерија, која не е променета во димензиите, пристигнува со максимум полначки капацитет од 7,4 kW, што значи дека Q5, A6 и A7 Sportback TFSIe моделите  целосно се полнат за околу два и пол часа.

Заедно со унапредувањето на новата батерија, Audi лансира A6 Avant TFSIe Quattro во Европа, како базична варијанта на моделот. Електрифицираниот погон комбинира 2,0-литарски TFSI мотор со електромотор кој испорачува 140 КС, за комбинирана моќност од 299 КС и 450 Nm максимален вртежен момент.

Сите пет унапредени plug-in хибридни модели исто така го добиваат и новиот Charge возачки режим, како додаток на веќе постоечките EV, Auto и Hold режими. Новиот возачки режим овозможува батеријата да се полни преку моторот на внатрешно согорување при возење.

Plug-in хибридните Audi Q5, A6 Sedan и A7 Sportback модели остануваат достапни со две различни нивоа на моќ – 50 TFSIe со 299 КС и помоќниот 55 TFSIe со системска моќ од 367 КС. Двете варијанти користат 2,0-литарски TFSI четирицилиндерски бензински мотор во комбинација со електромотор и седум степен автоматски менувач со двојна спојка.

Понудата на plug-in хибриди на Audi сега ги вклучува A3 Sportback, Q3 и Q3 Sportback, Q5 и Q5 Sportback, A6 Sedan и Avant, A7 Sportback, Q7, Q8 и знаменосецот A8.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Seres и Huawei на салонот во Шангај го покажаа SF5

Volkswagen ID.4 со најдобри оцени и максимални 5 ѕвезди на Euro NCAP тестот

Cyclocar автомобил што лета од Русија

Првиот електричен Ferrari потврден за 2025

Stellantis подготвува четири нови платформи за електрични модели

Новите Dacia Logan и Sandero Stepway на Euro NCAP тестот освоија по две ѕвезди

Rimac во нов комплекс ќе инвестира 200 милиони евра

Porsche подготвува и Cayenne на струја

Нов вид на тркала се менуваат како „оригами“