Audi вложува уште 300 милиони евра во својата фабрика во Унгарија

Audi ќе инвестира 301 милион евра во зголемување на производството на електрични мотори за автомобили во својата фабрика лоцирана во Ѓер, Унгарија…

Инвестицијата ја потврди и министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто.

Иако некои специфики на планот останаа непознати, Сијарто потврди дека Audi ќе добие владин грант, односно финансиски средства во износ од 21 милион евра за помош за проширување на фабриката со што ќе се отворат 500 нови работни места.

Електро – моторите кои ќе се произведуваат во фабриката ќе се вградуваат во сите електрични модели на Volkswagen Group базирани на механичката платформа MEB.

Се очекува производството да започне во 2025 година.

Audi произведува електрични мотори во Унгарија од 2018 година, што е важен пазар на производи за германскиот производител на премиум автомобили.

Минатата година Audi направи 171.000 возила во таа земја, во која веќе работат околу 13.000 работници.

Тоа придонесе Унгарија да стане 20-ти најголем извозник на автомобили во светот, пренесува Daily News Hungary.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија ги намалува субвенциите за купување EV

Новиот Audi RS3 co електричен мотор

Почна производството на Mercedes-AMG One

Новиот Porsche 911 GT3 RS на пазарот пристига 2023

Next.e.GO Mobile SE ќе произведува електрични автомобили во Македонија

Во Германија нови давачки за дизел и бензински автомобили а олеснувања за EV

Подновен беџот и имиџот на луксузниот автомобилски бренд

Илон Маск одличен дипломат -Tesla во Кина со „повластена“ позиција

Неофицијалните рендери открија многу можен изглед на претстојната BMW Серија 5.