Традиционалниот швајцарски тркачки тим ќе стане фабрички тим на брендот Audi од 2026 година, а преку стратешко партнерство Audi ќе прави погонски единици прилагодени на новите правила за швајцарскиот тим…
Завршена е нова важна пресвртница на патот на Audi кон Светскиот шампионат во Формула 1 FIA: тимот на Sauber е избран за стратешки партнер, во кој Audi планира да стекне сопственички удел.
Како дел од партнерството, швајцарскиот тркачки тим ќе се натпреварува како фабрички тим на Audi од 2026 година па натаму, користејќи енергетска единица развиена од Audi.
Со околу 30 години натпреварувачко искуство, Sauber е еден од најреномираните и најтрадиционалните тимови во светот на брзините – Формула 1.
Денес тие се натпреваруваат под името Alfa Romeo F1 Team ORLEN, а нивни возачи се Валтери Ботас (Valtteri Bottas) и Гуанју Џоу (Guanyu Zhou).
Моќната единица ќе се развива во Competence Centerm на Audi во Нојбург ан дер Донау (Neuburg an der Donau), додека пак Sauber ќе го развива и произведува тркачкиот автомобил на својата локација во Хинвил (Hinwil) Швајцарија.
Исто така, Sauber ќе биде одговорен за планирање и извршување на тркачките операции.
Проширување на локацијата во Нојбург
Развојот на погонската единица, која се состои од електричен мотор, батерија, контролен систем и мотор со внатрешно согорување, веќе е во полн ек, а на проектот веќе работат повеќе од 120 вработени.
Временската рамка за првата трка во која марката Audi ќе учествува во сезоната 2026 е навистина амбициозна: проширувањето на локацијата Нојбург во однос на вработените, зградите и техничката инфраструктура најмногу треба да се изврши во текот на 2023 година.
Првите тестови на енергетската единица развиена за прописите од 2026 година во тест возило во Формула 1 се планирани за 2025 година.
Формула 1 прави голем чекор во насока на одржливост со усвојување на нови прописи кои ќе стапат на сила во 2026 година.
Ова беше важен предуслов за брендот Audi да одлучи да влезе во овој конкурентен свет.
Енергетските единици ќе бидат поефикасни отколку што се денес бидејќи стапката на електрична енергија ќе биде значително зголемена.
Електричниот погонски систем тогаш ќе има речиси иста моќ како моторот со внатрешно согорување, односно 400 kW (544 КС).
Високо ефикасните 1,6-литарски турбо мотори ќе работат на одржливо синтетичко гориво кое е неутрално CO2 (во согласност со стандардите на ЕУ). Исто така, Формула 1 си постави за цел до 2030 година да стане тркачка серија која е целосно неутрална во однос на емисијата на CO2.
„Исклучително сме задоволни што стекнавме толку искусен и компетентен партнер за нашиот амбициозен проект за влез во Формула 1“, рече Оливер Хофман (Oliver Hoffmann), член на Одборот за технички развој на AUDI AG.
„Јасно е дека двете компании споделуваат исти вредности и визија. Со нетрпение очекуваме да ги постигнеме заедничките цели и да изградиме силно и успешно партнерство“, изјави Фин Раусинг (Finn Rausing), извршен директор на холдинг компанијата Sauber.
Porsche како уште еден член на концернот Volkswagen кој размислува да влезе во Формула 1, тоа нема да го направи преку соработка со Red Bull.
Нивните преговори пропаднаа пред неколку недели, па сега се шпекулира дека би можеле да стапат во партнерство со тимот на Williams исто така од 2026 година.