Аукција на реткиот егзотичен караван- Aston Martin DB5 Shooting Brake

Мопделот 1965 Aston Martin DB5 Shooting Brake by Radford преставува вистинска икона и раритет во светот на автомобилизмот…

За каков скапоцен камен, за колекционерите на автомобили станува збор говори и предвидената цена од експертите од 1,000.000, до 1,400.000  американски долари, што најверојатно ќе ја достигне, ако не и надмине на аукцијата закажана за три недели во во Монтреј.

Дејвид Браун (David Brown), познат како DB, бил воодушевен со се околу моделот што ги носел неговите иницијали, но имал еден проблем – DB бил пред се активен човек.

За него имало одредени проблеми кога некаде требал да ја смести опремата за поло, за голф, или опремата за лов …вклучувајќи ги тука и кучињата!

Бидејќи знаел дека не бил само тој „погоден“ со такви проблеми, очекувал за дотичниот shooting brake да има голем интерс, па неговото производство го доверил на Херолд Радфорд (Harold Radford)  фирма изработувач на каросерии (Coachbuilders) Ltd.,  истата што го произведувала  XXL Bentley Countrymane со столови на извлекување за пикник!.

Промената на линијата на покривот секако ја компромитирала цврстината на самиот Superleggera концепт,  но Radford Boys  успеала да апсолвираат без да остават  зад себе „опашки“ барем во однос на тие не саканите.

Уште еден пар врати би уништилсе што е убаво кај тој автомобил па и никој неразмислувал на таа тема  – сепак со склопени задни седишта со создавал отворен простор со димензии  175 x 105 cm, и со волумен од 1,1 кубен метар.

Но проблемот бил во тоа што и покрај креирањето на благодарен простор за товар, не е модифицирано и потпирањето, па неговата ноцивост не била променета. Поради тоа легендарниот DB можел да тргне во лов на само „ситен дивеч“ а не на големи трофеи како елени мечки и слично …

Сепак, тука с егледа и посебноста на Aston Martin – DB5 Shooting Brake што со брзина 160 km/h до 0 (нула) запирал за само 6,0 секунди а постигнувал топ брзина од 240 km/h, која и денес е  висока за караван модели!

Во своето време бил најбрзиот автомобил со две намени на светот!

Својата кариера секој DB5 на Radford за започнувал како coupe, со цена од тогашни 4.412 £ (британски фунти), а самата конверзија чинела дополнителни 2.000 фунти при нарачката во Aston Martin Lagondа.

Севкупно се направени 12 примероци на DB5 Shooting Brake ( осум со управувач на десна страна, ачетири на лева), a сите тие и ден денес се многу активни …

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Alfa Romeo 4C Competizione limited edition за повторно вљубување!

Fiat развива SUV што ќе се произведува во Крагуевац!

BMW M8 MotoGP Safety Car

Концернот „Калашњиков“ со нов автомобил за carshearing!

Произведен 10 милионити Mini

Bentley со Mulliner го реинкарнира уникатниот Corniche !

Pininfarina  планира електрична лимузина и СУВ

Lotus со измени на своето лого!

Две децении на Porsche 911 GT3 вистински сладок залак за познавачите