Aura EV – футуристички двосед на струја со голема автономија

Група британски производители разви заеднички концепт за електричен двосед кој се потпира на британската традиција на спортски автомобили, а неговата цел е да дозволи толкава автономија што може да се спореди со класичните погони на внатрешно согорување, што како гориво користат нафтени деривати (дизел и бензин)

Четирите британски компании заеднички го развија футуристичкиот концепт на електрични спортски двоседи Aura EV, кој донекаде потсетува, според формата, на традиционални спортски автомобили од минатиот век.

Астхајмер (Astheimer) е одговорен за дизајнот, Potenza Technology ги направи погонот и батериите, панелите на каросеријата и внатрешноста се изработени од BAMD Composites, додека системите за интеракција на возачот се направени од Conjure.

Технологијата на британскиот производител Spark EV беше искористена и за контрола на полнењето на батериите.

Финансирањето за развој на овој концепт дојде од националниот буџет, преку Канцеларијата за возила со нулта емисија, која финансира развој на концепти и технологии за чисти возила.

Развојот траеше две години и роди прототип што можете да го видите на сликите.

Во аеродинамична форма на кабриолет со две седишта, има електричен погон со две склопови на батерии од по 44 kWh.

Едниот се наоѓа под подот, а другиот под предната хауба.

Возилото задржува спортски низок центар на гравитација, може да се пофали со супериорни перформанси во воздушниот тунел, така што таквата конструкција му овозможува голема автономија.

Имено, со едно полнење на батериите, Aura треба да може да помине речиси 650 километри – што, велат тие, треба да биде главната цел на овој концепт: да се развие таков автомобил за да клиентите не мора да се плашат од краток домет.

Покрај тоа, технологиите вградени во овој концепт овозможуваат да се процени состојбата на батеријата и точниот преостанат број километри со точност од 99,5%.

Ова треба да претставува значајно подобрување во однос на сите постоечки електрични автомобили што многу често даваат неточни проценки за преостанатиот капацитет.

Концептот носи уште еден интересен детал.

Во центарот на воланот, на местото каде што нормално стои централното воздушно перниче, има кружен екран чиј дисплеј ротира – односно истиот  секогаш е ориентиран хоризонтално, без оглед на положбата на воланот.

За жал, повеќе детали не се објавени.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов Lexus LX

Подновување на Ford Focus!

Нов BMW Series 7 и електричната верзија i7

Ford Tourneo Connect

Подновена Подновена KIA Forte

Најнови слики Škoda Slavia

Zero Motorcycle

Новата ŠKODA KODIAQ SUV ве „плени“ за една минута!

Новиот Audi A4 пристига 2023 ги задржува бензинците и дизелите