Auto Bild го најави Audi Q5 Sportback

Со надградба на моделот Q5, од Audi исто така ќе лансираат и Sportback верзија  на популарниот SUV модел со средна големина, најавува популарниот специјализиран магазин од Германија …

Имено, изведбата ја најави со рендер видео запис, познатиот германски магазин за автомобилизам – Auto Bild.

Кревањето на „лицето“ на Q5 визуелно е интегриран во актуелната дизајнерска филозофија на брендот со четири прстени во логото.

Во внатрешноста, премиум производителот од Инглоштад, користи екрани чувствителни а допир и со контрола со глас.

Во однос на погонските агрегати  се знае дека ќе бидат електрифицирани, mild hybrid со 48 (v) волтна елетрична инсталација, a исто така дека ќе има и plug-in хибрид верзии.

Инаку од Компанијата потврдија дека официјалната промоција на Audi Q5 Sportback ќе биде во втората половина на тековната 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонска премиера на Volkswagen Golf 8

Се планира и спортски Volkswagen ID.

Nissan switch сервис: Секој ден возиш друг автомобил!

Polestar Precept concept пристигнува во Женева 2020

Aiways U6ion concept во Женева

Bentley Continental GT Cabrio by Mulliner врв на луксуз со отворен покрив!

Renault Morphoz concept автономна електрична иднината на  Французите

На Palexpo 2020 и Dacia со концепт на струја!

Над половина милион нарачки за електричниот pick-up на Tesla