Autobianchi Stellina: Најубавиот потомок на “Фиќо” а малку познат во светот

Легендарниот Fiat 600, кај нас познат по прекарот “Фиќо”, имал планетарен успех и освен што е правен во Италија, Југославија, Шпанија, Австрија, Аргентина, Fiat 600 е искористен и како база за создавање на уште неколку модели меѓу кои најпознати се моноволуменот Multipla, возилото за дотур Formichetta, комби 600 T…

Сепак, се чини, по мислењето на многу експерти, најубавиот дериват на “Фиќо” е атрактивниот roadster Stellina што ја носел значка на Autobianchi.

За тие што не знаат: Бизнисменот Едуардо Бјанки -Eduardo Bianchi, од Италија, во 1955 година ја основал фирмата Autobianchi, каде имал една третина од сопственоста, а останатиот дел бил поделен помеѓу Fiat и Pirelli.


На салонот за автомобили во 1963 година, во Торино, Autobianchi го претставил атрактивниот модел Stellina, создаден врз шасијата на Fiat 600D. Моделот Stellina имал челичен рам, а надворешниот дел на “телото”, бил направен од пластика засилена со фиберглас, а дизајнирана од Tom Tjaard.


Автомобилот имал погонски агрегат познат од Фиќо со работен волумен од 767 кубни сантиметри, со моќ од 29 КС.


Повеќе од доволно за атрактивниот автомобил долг 3,67 метри и тежок само 660 кг.

За период од две години (1964/1965) направени се само 502 примероци што се продавале по цена од еден милион италијански лири.


Слабиот пазарен успех помеѓу другото е и последица на тоа што моќниот ко-сопственик на Autobianchi го претставил моделот Fiat 850 Spider со што Stellina не можела да се натпреварува.

Сепак, Stellina како прв автомобил од Италија изработен од стакло-пластика претставува револуција што само по себе и обезбедува место во историјата.


Исто така таа претставува голем придонес и во развојот на овој композитен материјал во автомобилската индустрија.


Таквиот спој на смола и на стаклени влакна значително поголема примена има во наутичката индустрија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Екстремна заштита: Блиндирана G Class што ниту 13 кг. TNT не и можат ништо

Одложено пристигнувањето на Ford Mustang Mach-E во Европа

Новата Mokka: Opel се фокусира на плочките со имињата на моделите

Nissan го лансира специјалниот GT-R50 Italdesign вреден над милион долари !

Alfa Romeo 8C 2300 тркачка икона што знаела само за победи на жешките патеки!

Ралф Шумахер за свој нов автомобил ја избрал Lada Niva

Bentley Bacalar во бои на виножито!

Видео: Porsche 911 Turbo S забрзува до 100 km/h за 1,9 секунди

Полиција прекинала улична трка и уапсила 44 учесници- луда и опаснасна забава во време на пандемијата!