Automechanika Франкфурт и APRA Europe промовираат нов одржлив тренд- префабрикување!

Automechanika Франкфурт, заедно со  APRA,  ќе ја претстави темата за префабрикување како дел од специјалниот „Automechanika Remanufactoring Day“ навестувајќи нови „ветришта“  и насоки по кои ќе се развива автмобилската индустрија …

Саемот во Франкфурто, односно една од неговите големи манифестации- Automechanika стартува со партнерство со Меѓународната асоцијација за префабрикување (remanufactoring) на автомобилските делови (APRA).

Асоцијацијата APRA, што ги застапува инутересите на ремануфактурната индустрија, е основана во САД, во 1941 година и е единственото глобално здружение на компании во секторот на автомобилска префабрикување.

Дури 120, од приближно 600-те членки на асоцијацијата можат да се најдат во Европа каде се застапувани од APRA Europe, со седиште во Брисел.

„Со APRA обезбедивме стручен партнер кој е еден од најважните организации во секторот на префабрикување. Во време кога климатските промени и заштитата на околината се најголема грижа за сите, кружната економија и префабрикувањето се поважни од било кога“, изјави Олаф Мусхов, директор на Automechanika Frankfurt, Automechanika, манифестација што  ќе се одржи од 8 до 12 септември 2020 година.

За да се привлече вниманието на оваа тематика на Automechanika Frankfurt, специјално е изработено зелено префабрикувано лого кое ќе биде поставено директно на штандовите за да се идентификуваат изложувачите кои ќе нудат таков тип на производи.

Посетителите исто така ќе можат да дознаат за најновите настани во индустријата преку специјализирани презентации на Automechanika Remanufactoring Day, кој ќе дебитира како дел од Automechanika Academy.

Поимот remanufactoring означува стандардизиран процес во кој деловите на автомобилите се реконструираат во исто толку добра или уште подобра варијанта од оригиналот, со еквивалентни перформанси. Воедно истиот по дефиниција значи зачувување на ресурсите (руди, минерални богатства, енергија) и зачувување на животната средина со до 10 пати пониско загадување .

Процесот гарантира дека сите технички спецификации, вклучително дизајн, квалитет и стандарди за тестирање се задоволени, па затоа индустриски префабрикуваниот дел доаѓа со иста гаранција како нов дел, при што префабрикуваниот дел е јасно идентификуван и се дава името на производителот на префабрикантот.

Овој процес е добар за околината и за климата, бидејќи префабрикувањето ги намалува емисиите на CO2 за милиони тони ширум светот секоја година.

„Префабрикувањето е без сомнение една од најодржливите деловни активности на модерната економија: споредено со производството на нови делови, префабркувањето користи речиси 90 % помалку материјал, ја намалува емисијата на CO2 за над 70 % и бара 55 % помалку енергија“, изјави Даниел Колер, претседател на APRA Europe, п0здравувајќи го новото партнерство со Automechanika.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

KIA со помош на Rimac подготвува електричен автомобил

VW со супер брзи полначи за EV за кои не е потребна посебна инфраструктура

Lexus EЅ со камери наместо ретровизори

Porsche Cayman GT4 и Boxster Spyder наскоро  со автоматски менуач!

Зошто ЕУ става акцент на алтернативните видови на горива

Новиот VW Passat пристигнува 2021 или 2022 и тоа на струја!

Volvo и  Varjo  со прва употреба на мешана реалност за развој на автомобили !

Тивко влечење: Opel Grandland X со електричен погон на сите тркала

Автомобилите на Audi ќе комуницираат со семафори