Aventure Peugeot – реставрација на иконата 205 GTi

По повод 210-годишнината на Peugeot, здружението Aventure Peugeot започнува нов проект посветен на реставрација и продажба на ретро возила a овој пат во фокусот е уште една икона на галскиот лав -легендарниот модел 205 GTi…

Aventure Peugeot започнува активност за реставрирање на „vintage“ возила од гамата на Peugeot и нивна продажба, a целиот проект ќе се одвива во работилниците на Musée de l’Aventure Peugeot во Сошо каде ќе се реставрираат автомобилите, по што ќе добијат сертификат за автентичност на крајот пред да бидат пуштени во продажба.

Првиот автомобил кој ќе мине низ третманот на реставрација е легендарниот Peugeot 205 GTi со 1,9-литарски мотор. а со овој потфат, помеѓу другото и ќе се  потенцира талентот умеењето на вештите раце на вработените специјализирани за различни занаети кои се од големо значење за квалитетна реставрацуја.

Овој проект може да се реализира единствено благодарение на набавката на резервни делови. Аventure Peugeot работи на ова поле седум години и го трансформираше својот магацин за логистикa, зголемувајќи ги своите залихи.

За  деловите кои недостасуваат, здружението ќе ги повика на помош своите традиционални подизведувачи за да ги обезбедат истите. Доколку некој дел веќе не може да се произведува, тогаш како опција ќе се искористи на „3D принт“ технологијата.

Од 2021 година, на страната на здружението, ќе има место посветено на квалитетно реставрираните возила со печат „Par l’Aventure Peugeot“.

Од  работилницата истакнуваат дека и приватните возила исто така ќе бидат достапни на ова место откако ќе ја добијат ознаката за „квалитет“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шведска станува вселенска сила- најавува лансирање на сателити

И Ferrari отповикува автомобили!

Најскапа гаража во светот

Fiat 500 Electric 3+1 со дополнителна трета врата

Dacia Duster Pick- up!

Скејборд голем колку лаптоп и на струја доаѓа од Јапонија

Најава за мистериозен Bugatti

Audi TT RS во чест на 40 гдини на Quattro погонот во само 40 примероци

Благороднички луксуз на песокот во Сахара