Австралија од наредната 2023 година ќе ја проверува безбедноста на автомобилите „под вода“

Секој кој имал несреќа да се најде во поплава или во автомобил кој тоне знае колку е тоа страшно, а бегството од такви ситуации не е лесно или пак едноставно…

Ова е причината зошто австралиската програма за проценка на нови автомобили ANCAP воведува промени и исто така ќе ја процени безбедноста на возилата под вода. Од 2023 година, ANCAP ќе вклучува тестирање под вода што ќе стане дел од севкупниот нов систем за рејтинг на автомобили.

Ќе биде групиран со други оценки во системот ANCAP кои се однесуваат на пристапноста на возилото по судар со фокус на спасување на патниците заробени во возилото. Производителите мора да докажат дека вратите може да се отворат најмалку десет минути под вода без напојување од батеријата и дека електричните прозорци сè уште можат да функционираат.

Доколку овие барања не се исполнети, тогаш производителите мора да им овозможат на патниците начин да ги отворат или скршат страничните прозорци, а сите информации за тоа мора да бидат во прирачникот што доаѓа со новото возило. Без овие чекори, новите возила од 2023 година нема да можат да ја добијат максималната оцена ANCAP.

Иако не е наведена конкретната причина за новите критериуми, ANCAP го спомена неодамнешното невреме кое ги предизвикаа поплавите. Освен тоа, јасно е дека новите автомобили стануваат сè покомплексни поради електронските системи.

Ова вклучува електронски контролирани врати и рачки на вратите на некои возила, а информациите за тоа како функционираат таквите системи во ситуација на поплава е тешко да се најдат.

Истражувањата покажаа дека разликата во притисокот внатре и надвор од автомобилот што тоне,  може да го спречи отворањето на вратите додека притисокот не се изедначи. За жал, изедначувањето на притисокот се случува само кога внатрешноста на автомобилот ќе се наполни со вода, па патниците имаат многу малку време да се спасат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Haval H-Dog

Електричните возила само за една година поскапеа за 9.000 евра

Хибридниот WEY Yuanmeng привлекува со атрактивен „ретро лик“

Најавен Zenvo со 1800 КС

Mате Римац – кај супер богатите нема штедење

MINI како количка за продавање на сладолед – MINI Cummins Ice Cream Vans

Сопствениците на Tesla се жалат на воланот кој се распаѓа по 6.000 км

Снимен електричниот Maserati GranTurismo Folgore

Acura Precision EV Concept