Австрија и Германија планираат соларни авто патишта

Истражувачките институции во Австрија и Германија започнаа со заеднички проект со цел развој на соларна централа на покривот на автопатот, наречена PV-SÜD….

Австрискиот институт за технологија (AIT) се здружи со Fraunhofer ISE и фирмата Forster Industrietechnik да развијат и да направат прототип за да откријат дали таквите соларни единици се практични и можат ли да се вклопат во постојното управување со одржувањето, како што е на пример отстранувањето на снегот од патот.

Од AIT кажале дека објектите на покривот не само што можат да произведат електрична енергија, туку и да го заштитат патот и да го продолжат неговиот животен век, а исто така можат да помогнат во заштитата од бучава.

Сончевите панели што би се поставиле над автопатот би биле различни од класичните, затоа што тие би пропуштале во поголемо количество светлина, така што возачите не би биле во мрак.

Сончевите панели се клучна технологија за премин кон обновливи извори, но недостатокот на простор е често проблем за ширење нивната примена

Некогашниот светски лидер во технологијата, германскиот соларен сектор ослабе како резултат на зголемената конкуренција во странство и намалените стапки на експанзија во домаќинствата, во последните години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Електричниот BMW М5 со 1,000 КС

Внатрешноста на новата Mercedse S Class

Mazda MX-30 e-Skyactiv G со mild-hybrid погон

Nikola е прв американски камион за смет со целосно електричен „зелен” погон

Škoda Enyaq iV- 2021: прв чешки SUV, класа на Kodiaq е навистина „вау”!

Електричен  Aviar R67 – Mustang на струја од Русија

Електричниот Fisker Ocean ќе се произведува во Австрија!

Hyundai го лансира Ioniq како нов суб-бренд за ЕВ

Lucid Air ќe го надмине Teslа во однос на автономијата на EV