Автомобил на годината во Германија за 2020 е Porsche Taycan

Електричните автомобили се иднината, не тие се тука и го освојуваат и јавното и мислењето на експертите, со еден збор пазарот и струката…

Сето тоа уште еднаш е потврдено и со информацијата дека Жирито во Германија, составено од нивни специјализирани новинари го избра електричниот спортист на Porsche за Германски автомобил на годината 2020 (German Car of the Year 2020).

Да токму така, победник е електричниот Porsche Taycan, a во најдобрите пет се пласираа и  BMW Serieѕ 3, Peugeot 208, Opel Corsa и Mazda 3.

Интересно е и тоа дека помеѓу првите пет нема ниту еден SUV, односно crossover модел.

Инаку, Taycan е вториот електричен автомобил што е избран за Автомобил на годината во Германија бидејќи и минатата година круната му припадна на електричниот Jaguar I-Pace.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Polestar и Koenigsegg ќе „танцуваат” заедно!

DMC Ferrari 812 Superfast Spia

Hennessey Performance Jeep Grand Cherokee Trackhawk со1012 KС

Mazda RX-Vision GT3 (2020): Со „огнено крштевање“ на PlayStation повикува на враќање на Wankel мотор

Ќе ја биде – нема да ја биде – Alpine ќе опстане како производител на електрични возила

Spiderman ќе вози Hyundai Sonata

Најпознатиот автомобил на Џeмс Бонд повторно во производство- Цена „боли глава”

Екстремна заштита: Блиндирана G Class што ниту 13 кг. TNT не и можат ништо

Одложено пристигнувањето на Ford Mustang Mach-E во Европа