Автомобил на годината за 2022: новиот PEUGEOT 308 – финалист

На 29 ноември, жирито за „Автомобил на годината во Европа“ (COTY) кој брои 61 член и претставува 23 земји, од 39-те кандидати го избра новиот PEUGEOT 308 хечбег и SW да се приклучи на најтесната листа од 7 кандидати за конечна победа…

Инаку, ова е 5-ти пат во девет (9) години модел на PEUGEOT да се најде меѓу финалистите.

Новиот 308, кој го носи новото лого на брендот е заводлив со својот остар и сензуален дизајн, со својата напредна технологија и со неговата ефикасност. Неговата палета на погонски единици, вклучувајќи и два Plug-In Hybrid погони од самото лансирање на моделот, им дава на клиентите моќ да избираат помеѓу електрифицирани и мотори со внатрешно согорување. Целосно електричен мотор наскоро ќе ја комплетира гамата.

Нема категории, нема поделби, нема класи: има само еден победник, а победникот на наградата „Автомобил на годината за 2022“ во Европа ќе биде објавен на 28 февруари во Женева (Швајцарија).

Сметајќи од 2013 година, по петти пат PEUGEOT брендот се приклучи на затворениот круг финалисти за наградата автомобил на годината во Европа, овој пат со новиот 308. 208 беше избран на крајот на 2019 година (победник во 2020 година), 508 (хечбег и SW) на крајот на 2018 година, 3008 на крајот на 2016 година (победник во 2017 година) и претходната генерација на 308 (хечбек и SW) на крајот на 2013 година (победник во 2014 година).

Наградата COTY е најпосакуваната во автомобилската индустрија. Жириото составено од 61 член доаѓаат од 23 европски земји. Секој од нив ги избра своите седум финалисти во првичното гласање од долгата листа од 39 натпреварувачи.

Списокот на кандидати и финалисти може да се најде на веб-страната за автомобил на годината https://www.caroftheyear.org/

Новиот PEUGEOT 308 ја обновува понудата во С-сегментот на лимузини и каравани. Повеќе од 24.000 клиенти во Европа до крајот на октомври направија нарачки, од кои 22% беа за Plug-in Hybrid верзијата.

Новиот 308 Ве привлекува со своите динамични пропорции и архитектура, нудејќи повеќе простор за патниците во задниот дел. Неговиот дизајн ја рефлектира DNA на PEUGEOT, со вертикалните LED предни светла и светлата во форма на три лавовски канџи назад.

Неговиот i-Cockpit® (компактен управувач, дигитална инструмент табла во висина на погледот, централен екран на допир со копчиња што може да се конфигурираат) и системите за помош при возење кои се од најновата генерација. Новиот 308 ќе биде достапен со хибридни мотори на полнење од 180 или 225 КС, бензински или дизел агрегати

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои половни автомобили се најпопуларни на Стариот континент

Салонот во Детроит во Септември, а во Париз во Октомври годинава

Honda Civic Автомобил на годината во Северна Америка за 2022

Од 2030 година Mercedes нема да нуди каравани

SsangYong доби нов сопственик

Peugeot и дефинитивно се откажува од враќање на пазарот во САД

Непрофитабилните марки во Stellantis немаат светла иднина!

Кои половни автомобили се најдоверливи- по класи

И Bentley со рекордна година