Автомобили на пик на крадците во Германија

Според извештајот на Генералното здружение на германската осигурителна индустрија (GDV), минатата година биле пријавени украдени 14.229 автомобили со каско (сеопфатно) осигурување….

Штетата во противвредност изнесува околу 280 милиони евра.

Повторно SUV моделите беа популарни.

Конкретно, втората генерација на BMW X6 беше мета на многу крадци. Интересно е и тоа што на списокот на топ 10 има пет модели на Toyota (заедно со Lexus).

Десет автомобили што најмногу (најчесто) се крадат

1) BMW X6 втора генерација

2) Land Rover Velar прва генерација

3) Mazda CX-5  втора генерација

4) Lexus CT200 прва генерација

5) Toyota Prius + прва генерација

6) Land Rover Range Rover трета генерација

7) Lexus NX прва генерација

8) Renault Talisman прва генерација

9) Toyota GT86 прва генерација

10) Toyota RAV4 четврта генерација

Забележливо е и дека крадците украле помалку нови автомобили, а наместо тоа повеќе возила стари меѓу две и три години, објаснува од GDV.

Причината за ова, според експертите, е претпоставката дека многу понови модели нудат подобра заштита од кражба.

За возачите на автомобили, исто така, постои позитивен тренд објавен од GDV, а тоа е дека бројот на кражби на автомобили во Германија се намалил во 2019 година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

210 години PEUGEOT! Години исполнети со емоции, индивидуалност и иновации

Hyundai до 2028 на пазарот ќе исфрли автомобили што летаат!

Ferrari Omologata уникат направен врз основа на 812 Superfast

Bugatti со хипер „тркач“ на струја!

Босанскиот Tesla Cybertrack направен во Мостар, но нема електричен погон

McLaren Senna GTR LM уште посупериорни изведба на “спортистот“

Видео Најголемиот pick-up на светот

Cupra и Abt Sportsline во поход на Extreme E шампионатот

Vanderhall најави своја прва креација на четири тркала  – моделот Navarro