На среден рок, групацијата VW повеќе не ги гледа автомобилите со мотори со внатрешно согорување како остварлива алтернатива на електричните автомобили.
Новиот шеф на марката Volkswagen, Томас Шефер (Thomas Schaafer), очекува значително зголемување на цените на возилата како резултат на планираниот стандард на ЕУ за емисии Еуро 7, објави Welt am Sonntag.
Возилата со бензински и дизел мотори би биле поскапи од 3.000 до 5.000 евра поради покомплексниот издувен систем, рече Шефер, додавајќи:
– Кај помалите автомобили овие дополнителни трошоци тешко можат да се апсорбираат.
Почетното Volkswagen Polo, кое би чинело 22 или 23 илјади евра во 2025 година (кога се планира воведување на стандардите Еуро 7), едноставно не е одржливо и нема никаква смисла, според специјализиранте медиуми.
Шефер истакна дека до 2025 година, групацијата VW сака да лансира четири електрични модели на мали автомобили на пазарот.
Покрај ID.2, ќе има уште еден модел од VW и по еден од Škoda и Cupra.
Со тоа што Volkswagen сака да го понуди електричниот Лилипутанец ID.2 за помалку од 25.000 евра.