Автомобилите на Audi ќе комуницираат со семафори

Новите модели на Audi имаат можност за комуникација системот за регулирање на сообраќајот со помош на семафори, пренесуваат светските агенции…

Системот Audi Traffic Light Information e во моментов достапен исклучиво Дизелдорф и засега нуди две функции.

Првата е GLOSA (Green Light Optimized Speed Advisory), функција на оптимизација на брзината за поминување низ зелено светло. Системот ја пресметува оптималната брзина со која возачот ќе „фати“  најмногу зелени светла на зацртаната рута.

Исто така системот советува до 250 m пред семафорот за колку треба да се редуцира брзината на движење.

Втората функција е Time-to-Green со која системот го информира возачот кога ќе се активира зеленото светло

 

Првите проекции говорат дека со примена на овој систем е можно да се намали потрошувачката на гориво и до 15%.

На крај ќе кажеме дека сите модели почнувајќи од A4 што се произведени од јули минатата 2019 година имаат во стандардна опрема Audi Traffic Light Information технологија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најавен електричен Ford F-150

Toyota Yaris на Euro NCAP crash Test освои 5 ѕвездички

Volkswagen се пофали со можностите поточно со ефикасното полнење на ID.4

Daimler ги претстави водородниот камион и електричниот Actros

Kia Motors ја забрзува деловната трансформација да стане водечки EV бренд

Папараци го „уловија” маскираниот Volkswagen ID.6 на тест возење

Пристигна Lucid Air убиецот на Tesla – закана со основа

Land Rover Defender P400e plug-in hybrid

Porsche планира целосно електрична Panamera!