Автомобилската индустрија пред колапс!

Според истражувањето „Иднината на приходите од и по продажбата во автомобилската индустрија” на консултантската и ревизорската компанија Deloitte, пандемијата на корона вирусот има силно влијание врз автомобилската индустрија, за која се вели дека е пред крахирање!!!…

Deloitte соопшти дека индустријата се соочувала со големи предизвици и далекусежни последици за традиционалните автомобилски компании дури и пред пандемијата.

„Се очекува понатамошен пад на профитабилноста, па производителите ќе мора да се справат со побрзите и посериозни последици од пандемијата, особено со оглед на огромниот пад на продажбата на која во моментот сме сведоци“, од Deloitte .

Deloitte смета дека Кина во моментов е најважниот пазар на продажба и нејзината доминација ќе се зголеми заради застојот на најголемите европски пазари.

Според истражувањето, постои очигледна разлика помеѓу традиционалните пазари и Кина бидејќи кинеските потрошувачи се повеќе подготвени да прифатат алтернативни погони од европските или американските клиенти.

Се проценува дека релативно наскоро во Кина, 80 проценти од сите нови регистрирани возила ќе бидат целосно електрични, хибридни или возила на горивни ќелии, а такви возила на пазарите во Европа и САД ќе имаат учство помеѓу 31 и 35 проценти.

Сектор на услуги после продажнбата, главно во овластени сервиси и продажбата на резервни делови, ќе доживее особено изразен пад на продажбата бидејќи електричните возила бараат помалку одржување.

Исто така, системите за помош на возачите од најновата генерација ја намалуваат веројатноста од несреќи, велат од Deloitte.

Тие проценуваат дека приходите постпродажбата на производителите ќе паднат за 10 проценти до 2035 година, и покрај зголемувањето на глобалната флота за возила од 50%.

„Европските дистрибутери, кои се соочија со проблеми со профитабилноста дури и пред пандемијата на коронавирус, се очекува да бидат во неповолна положба во пост-кризниот период. Спасувањето на нив нема да биде лесна задача “, велат аналитичарите во Deloitte.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новата Opel Mokka  со ново лого на Opel

Произведен првиот Aston Martin DBX

Ексклузивно- Toyota денес открива нов модел – crossover базиран врз Corolla?

Најавен нов Haval H6

Вуков од сезонава со Порше Карера во нов предизвик: Голем предизвик за мене!

Citroën C5 во 2021 ќе атакува на VW Passat!

Daimler ја продава фабриката на Smart, можен купувач- Ineos, производител на Grenadier. наследник на класичниот Defender !

Истрагата за аферата dieselgate се прошири и на добавувачот Continental

Volvo се стабилизира- во Јуни продал само за 2,1 % помалку автомобили