Автономни возила веќе годинава на патиштата низ Б. Британија

Автономните возила ќе се појават на британските патишта подоцна во текот на оваа година, објави британското Министерство за транспорт…

Таквите возила, кои можат да ја препознаат околината во која се наоѓаат и да се движат низ неа со многу малку или без човечка контрола, ќе бидат дозволени по побавни патишта и ќе достигнат брзина до 59 км/ч, соопшти Министерството.

Министерството посочува дека оваа технологија може да ја зголеми безбедноста во сообраќајот затоа што ќе има помалку човечки грешки, кои сочинуваат 85 проценти од несреќите.

Технологијата за автономно возење во автомобили, автобуси и возила за испорака може исто така да го намали сообраќајниот метеж бидејќи сообраќајната сигнализација и возилата ќе комуницираат „во живо“, што ќе го направи сообраќајот побрз и ќе ги намали емисиите на штетните гасови, тврди министерството.

„Ова е огромен чекор кон безбедна употреба на автономни возила во Обединетото Кралство, што ќе го направи идното патување „позелено“, полесно и посигурно …“, рече министерката Рејчел Меклин, како што пренесува dpa.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Bentley со електричен SUV во 2025

До идниот понеделник бензите ќе се продаваат по „стара“ цена а дизелот поскапе

Tesla го одложи отворањето на фабриката во Германија

Niva Travel и Legend ќе се склопуваат на иста производна лента

Ford во Романија вложува 300 милиони долари

Dacia Duster доцни со ре-дизајнот!

VW Golf во март најпродаван автомобил во Европа- Кралот не се дава!

Alfa Romeo по трет пат избрана за „Најдобар бренд во сите класи“

Русија воведува квоти за „зелени“ автомобили