„Автопилотот“ на Tesla повторно по истрага по сообраќајката со смртни последици

Американските безбедносни регулатори повторно го истражуваат автопилот системот на Tesla по несреќата во која учествуваше електричен автомобил Model S при што загинаа три лица…

Националната управа за безбедност на сообраќајот на патиштата (NHTSA) спроведува истрага која вклучува вкупно 30 инциденти поврзани со автопилотот на Tesla, од кои последниот се случи на 12 мај во Њупорт Бич (Newport Beach). Електричен автомобил удрил во тротоарот и „удрил“ во градежна опрема, при што загинале сите тројца патници.  Исто така, повредени се и тројца градежни работници кои се пренесени во болница, но нивните повреди не се опасни по живот.

Теslа е еден од неколкуте производители на автомобили кои лансираа системи за помош на возачот на ниво 2 дизајнирани да помогнат при возењето. Овие системи се далеку од Нивото 4 и 5, што значи целосно самостојно управувачка технологија, а Tesla јасно ги советува возачите постојано да ги следат настаните на патот и да ги држат рацете на воланот. NHTSA во август минатата година објави дека отвора истрага за Автопилот (AutoPilot) по 11 сообраќајни несреќи од 2018 година, во кои беа вклучени паркирани амбулантни возила, во кои едно лице загина, а 17 беа повредени.

NHTSA, исто така, беше критикуван за неуспехот да се погрижи производителите да ги вградат точните карактеристики во нивните автономни возила од Ниво 2. Претседателката на Националниот одбор за безбедност на транспортот, Џенифер Хоменди (Jennifer Homendy), рече дека користењето на терминот „целосно самоуправување“ (full self-driving) за најновиот систем за авто-пилот е „погрешно и неодговорно“.

Таа во своето обраќање додала и дека тоа дефинитивно измамило многу луѓе, поради што тие погрешно ја користеле и ја злоупотребиле напредната технологијата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Audi вложува уште 300 милиони евра во својата фабрика во Унгарија

Hyundai и KiA во проблеми поради дизелот

До 2030 година во ЕУ ќе има над 60 милиони електрични автомобили

Половина од постојките за полнење на EV во Европа се лоцирани во две земји

Stellantis го запира производството во погоните во Рен поради недостаток на чипови

Tesla ги поскапи автомобилите во САД поради инфлација

Во Шпанија ќе се произведуваат новите генерации на електрични модели на Ford

VW е нова жртва на недостаток на полу проводници во светот на автомобилите

Гига фабриките на Tesla во Тексас и Берлин просто „горат“ милијарди долари !