Британската автомобилска, спортска марка BAC на Фестивалот на брзината во Гудвуд се претстави со својот нов модел Mono R,за кој вели дека е полесен и посилен во споредба со неговиот претходник..
Кога станува збор за силата, од новиот агрегат со работен волумен од 2,5-литри, развиен во соработка со компанијата Mountune, тој испорачува моќ од 340KS , односно за 35KS повеќе од стандардниот модел Mono, а пак масата е намалена за 25 kg и сега изнесува 555 kg!.
Кога сето тоа ќе се подведе под формулата сила/ тежина се добива сооднос од 612KS на еден тон маса!.
Покрај тоа по еден литар работен волумен овој мотор испорачува сила од 136KS, што е нов светски рекорд кога станува збор за легални автомобили за јавни сообраќајници опремени со атмосферски агрегати.
Малата маса на овој спортски автомобил со едно седиште инаку е добиена со употреба на материјали како што се јаглеродни влакна, потоа магнезиум и титаниум.
Дел од тој пакет се и карбонско – керамичките сопирачки, потоа Pirelli Trofeo R пневматиците, како и Ohlins амортизерите што можат да се регулираат .
Во своето кусо соопштени поврзано со овој ултра лесен автомобил BAC наведува и дека ќе направи само 30 примероци на Mono R, со што дополнително ја потенцираат ексклузивноста.
Цената не е наведена, но затоа е потенцирано дека сите 30 примероци се однапред распродадени!