Baojun E300 и E300 Plus – електрични автомобили со цена помалку од 10.000 долари!

Кинеската кмпанија Baojun ги лансира своите E300 и E300 Plus мини електрични автомобили за домашниот пазар, со супер пристапна цена од, помалку од 10.000 долари, со поттикнувања што ги дава власта …

Baojun E300 и E300 Plus се напојуваат со 31,9 kWh батерија која испорачува навистина респектабилен досег на возење за така мал автомобил.

Имено, автономијата на возење со едно полнење изнесува 305 км според NEDC тест циклусот.

При користење на брз полнач, батеријата може да се наполни до 80 % од капацитетот за еден час, а за целосно полнење на 220-волтен приклучок, се потребни 15 часа.

Батеријата го напојува електричниот мотор кој е поставен на задната оска и ги придвижува задните тркала.

Електричниот мотор испорачува 53 КС и 150 Nm вртежен момент, што е доволно за максимална брзина од 100 км/ч.

Разликата помеѓу E300 и E300 Plus е во големината и капацитетот на патници.

E300 има должина од 2.625 мм, ширина од 1.647 и висина од 1.588 мм, додека растојанието помеѓу оските изнесува 1.750 мм.

Како резултат на тоа, во автомобилот може да собере двајца или тројца патници.

Од друга страна, Baojun E300 Plus има растојанието помеѓу оските од 2.020 мм, должина од 2.894 и нешто поголема ширина и висина од 1.655 и 1.595 мм. Благодарение на зголемените димензии, во E300 Plus се поставени четири седишта.

E300 и E300 Plus содржат McPherson независен систем на потпирање напред, како и независно двојно попречно потпирање назад.

Природно, со ваквите мали автомобили, купувачите може да имаат сомнежи околу квалитетот и безбедноста.

Но, од Baojun уверуваат дека се безбедни, така, двата мини електрични автомобили се направени од 80 % челик со високо ниво на издржливост.

Батеријата е „спакувана во супер-силен челик и е опремена со активен систем на исклучување во случај на судир“.

Стандардните безбедносни карактеристики вклучуваат електронска контрола за стабилност (ESC), ABS со EBS, HBA и две воздушни перничиња напред.

За базичната цена, купувачите исто така добиваат алуминиумски тркала, мултифункционален управувач, дигитален инструмент панел и седишта со подесување.

Меѓу достапните опции се нуди и интелигентниот систем за поврзаноста на Baojun овозможен од Huawei и содржи систем за гласовна интеракција со вештачка интелигенција, потоа реална навигација, WeChat функција со гласовна контрола и мобилна апликација.

Цената за Baojun E300 изнесува 9.170 американски долари, односно 9.880 за Baojun E300 Plus.

Невистина многу поволни понуди за градски автомобили со погон на струја.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hyperion XP-1 Супер автомобил од другата страна на Големата бара

Audi официјално ги покажа новите S3 и како лимузина и како Hatchback

Најава: Ram 1500 TRX дебитира на 17 август

Конечно BMW M3 Touring!

Kia го покажа новиот дизајн за Stinger

Повторно „уловен” новиот VW Golf R

Toyota RAV4 Hybrid Black Edition-Полноќно црна!

Време e за електрична енергија: Новиот Opel Vivaro-e во продажба во Германија со цена од 26.650 евра со еколошки бонус

Lyriq -првиот електричен модел на Cadillac го напаѓа Tesla на домашна почва!