Батериите чинат 50% од цената на автомобилот

Во овој текст ќе ви доловиме колку чини замената на старите (исцрпени) со нов пакет на батерии кај популарните електрични автомобили …

Електричните автомобили се иднината на транспортот, a за тоа сведочи и се поголемата бројка на сериски електрични модели.

И додека пред само неколку години понудата беше слаба, денес сите тие што ќе се одлучат за електрични модели на располагање имаат навистина голем број на опции.

Сепак, освен инфраструктурата, главниот проблем секако е и цената на самите батерии.

Сепак, новинарите од специјализаираниот магазин Auto Bild,од Германија, провериле како се движат цените на батериите на тамошниот пазар и дошле до податоци што навистина „шокираат“.

Батериите не ретко чинат колку половина од автомобилот, a за утеха на купувачите може да биде фактот дека повеќето производители на истите нуди гаранција од осум ( 8)години.

А тоа е навистина важно, бидејќи не би сакале истата да ја манеувате на свој трошок.

Имено, според магазинот Auto Bild, цените на батериите се движат од 30, до 70 проценти од вредноста на автомобилот.

Само како пример ќе посочиме дека кај Jaguar i-Pace батеријата чини 32.450 евра.

Ако се земе во предвид дека во Германија нов таков модел чини 79.450 eвра, лесно може да се пресмета дека само батеријата во цената на новиот автомобил учествува со дири 41 процент.

Околу половина од цената на автомобилот треба да се издвои при купување на нови батерии за електричните модели Hyundai Konа и Hyundai Ioniq.

Имено, новата Kona во електрично издание чини 34.600 евра, додека пак батеријата за истата има цена од 16.955 евра (49 проценти) a новиот  Ioniq се продава по цена од 33.300 евра, а цената за неговата батерија изнесува ито како и кај Konа – 16.955 евра ( дури 51 процент од цената на нов ист автомобил).

Очекувано, за помалите модели нештата на хартија стојат уште полошо, па така електричниот Peugeot iON чини 21.800 евра, a новата батерија дури 73 % од вкупната цена на автомобилот, односно 16.000 евра.

Кај моделот Renault Zoe односот на цената на автомобилот и цената на батеријата е нешто поповолен. Така цената на нов автомобил изнесува 21.900 евра, додека батеријата чини  9.000 евра, односно 41 процент од вкупната цена на моделот кога е нов, но и натаму станува збор за многу скапи батерии и трошок на кој ретко кој сопственик е подготвен.

Навистина тоа би можело да биде сериозен проблем за брз пробив на електричните автомобили односно за нивната голема масовност на глобалниот пазар.

Пред се купувачите се буквално исплашени од високите цени на потенцијалната замена на батериите (секако можно е батериите да не се менуваат така бргу и често по нивниот гарантен ток, но стравот во повеќето случаи ќе биде преголем) сепак ќе се решат на купување на класичните бензински и дизел автомобили

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

EuroNCAP тест: BMW Series 1, BMW Series 3, Jeep Cherokee и Peugeot 208

Amazon од Rivian нарача 100.000 електрични ванови за пет милијарди долари!

Совети: Игнорирајте ги автостоперите и повикувањата да запрете

Прегревање на моторот на екстремни жештини – еве го лекот!

Во Србија патарините поскапеа за 12%!

DS 3 Crossback совршен почеток одличен на EuroNCAP тестот

Škoda Scala воодушеви на EuroNCAP тестот!

Екологија- Ford рециклирани пластични шишиња за подници во автомобилот

VW T-Cros со пет ѕвездички на Euro NCAP Crash Test