Баварците го најави електричниот i4 удар на Tesla S

Во BMW се подготвен за производство на електричниот седан  i4 и продолжување на нивниот процес на електрификација на мобилноста…

И покрај пандемијата на коронавирусот која предизвика проблеми во сите сфери на секојдневниот живот, па и во автомобилската индустрија која трпи тешки удари, компанијата BMW се држи до своите планови и за следната година го подготвува електричниот седан i4.

Фабриката на BMW во Минхен е подготвена за почеток на производството на i4.

По наметнатата пауза, неопходна за да се направат сите рестуктуирања и конверзии на фабриката, склопувањето е рестартирано и германската фабрика се подготвува за почеток на нова ера.

BMW потврди дека е подготвен за производство на моделот i4 откако беше завршена досега најголемата модификација на една фабрика во историјата. Промените овозможија производство на електричниот i4 на истата производствена лента од која се симнуваат бензинските, дизелските и хибридните модели.

„Го завршивме сеопфатното реконструирање и адаптација на погонот на време и без компликации“, изјави директорот на фабриката Роберт Енгелхорн.

Тој ја пофали компанијата за добро планирање и подготовка, како и за успешен развој и адаптација. BMW во својот проект инвестираше околу 200 милиони евра.

Производствениот екосистем е дизајниран да биде што е можно поефикасен. За таа цел, повеќето компоненти од i4 ќе се прават користејќи машинерија која веќе се користи за другите модели.

Некои фази од производството можат да се обавуваат со користење на постоечките системи како што е изработка на каросеријата, но деловите како батериите и склопувањето на подот бараат имплементација на уникатни системи.

Во изминатите недели не се вршени подготовки само за производство на моделот i4, туку и за M3 седанот со високи перформанси, како и Серија 3 и Серија 3 Touring со конвенционален и хибриден погон.

BMW i4 ќе има автономија на движење од 600 километри, а од нула до „стотка“ ќе забрзува за околу 4 секунди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

210 години PEUGEOT! Години исполнети со емоции, индивидуалност и иновации

Hyundai до 2028 на пазарот ќе исфрли автомобили што летаат!

Ferrari Omologata уникат направен врз основа на 812 Superfast

Bugatti со хипер „тркач“ на струја!

Босанскиот Tesla Cybertrack направен во Мостар, но нема електричен погон

McLaren Senna GTR LM уште посупериорни изведба на “спортистот“

Видео Најголемиот pick-up на светот

Cupra и Abt Sportsline во поход на Extreme E шампионатот

Vanderhall најави своја прва креација на четири тркала  – моделот Navarro