Баварците го претставија првиот мотоцикл со М ознака

Одделот за мотоцикли на BMW постои од 1923 година, а историјата на BMW Motorrad е полна со бројни успешни и иновативни креации на две тркала….

Верувале или не, дури сега оваа поделба пристигнува со првиот модел што ќе носи ознака за високи перформанси „М“. Веста е по малку изненадувачка откако М-дивизијата во автомобилскиот свет беше основана уште во 70-тите години на минатиот век, но подобро подоцна отколку никогаш, особено кога ќе видиме што ни подготвува сега баварската компанија.

Станува збор за модел M1000RR, а новината, практично, е тркачки модел со кој сопствениците ќе можат да возат по улиците. BMW го презеде веќе и така импресивниот модел S1000RR и потоа го модифицираше во секој поглед. Самиот модел S1000RR е создаден со слична намера, а тоа е хомологацијата за светскиот шампион во Superbike.

И овој пат, понудата ќе биде ограничена на само 500 примероци и ќе чини високи буџетски суми, додека BMW ветува дека клиентите сигурно нема да бидат разочарани, бидејќи M1000RR е можеби најдобриот спортски мотоцикл што германската компанија го произведе во својата долга историја.

Компонентата што секако привлекува најголемо внимание е моторот со  четири цилиндри, со работна зафатнина од 999 „кубни сантиметри“, што развива вкупно 212 КС.

Ова е за пет „грла“ повеќе од S1000RR, што се постигнува благодарение на „посилната“ компресија, додека вкупната тежина на мотоциклот е само 190 кг.

Покрај помоќната единица, новитетот се карактеризира и со многу аеродинамички додатоци кои BMW лично ги разви за подобрување на стабилноста при големи брзини како и малку поголеми сопирачки тестирани од Nissin.

Пред возачот има 6,5-инчен монитор кој е малку поголем од оној на моделот на кој е заснован. Секако, М не би бил М, без познатата графичка дизајн, така што можеме лесно да го препознаеме како производ на BMW.

За време на пишувањето, не е познато кои земји ќе добијат најголем број од планираните 500 примероци, а британците шпекулираат дека почетната цена ќе биде околу 31.000 фунти, што iznesuva околу 33.800 евра за останатите пазари на Стариот континент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

BMW R18 Classic

Volcon Grunt електрична of road машина на две тркала

Пристигнува нова Suzuki Hayabusa

Ducati повторно на продажба

Електричен мопед Segway eMoped C80

Kawasaki офанзива- во наредните месеци шест новитети

Benda LF-01 concept

Novus- електричен мотоцикл со исклучително мала маса и висока цена

Italjet Dragster