Баварците ја одбележуваат 35 годишнината на Series 5 со лимитирано издание

Во чест на  35 годишнината од појавата на еден од најпознатите спортски автомобили, BMW најави лимитирана серија M5 Edition 35 Years

Во специјалната серија BMW M5 Edition 35 Years се вклучени само 350 возила, а секој од идните сопственици ќе ужива во врвно однесување на патот, со најмоќниот мотор во целата историја на моделот.

Серијата M5 Edition 35 Years која ќе биде достапна за купување од јули тековната 2019 година, е развиена врз основа на M5 Competition,  опремена е со V8 M TwinPower Turbo мотор, моќен 625 КЅ и 750 Nm вртежен момент.

Автомобилот, исто така, има специјално оптимизирана адаптивна суспензија, интелигентен погон на четири тркала M xDrive и Active M диференцијал…., се за забава и уживање во возењето

Со своите импресивни димензии автомобилот е во состојба да понуди забрзување од 0 до 100 km/h за 3,3 секунди, а границата од 200 km/h се постигнува за само 10,8 секунди.

Секој еден од претставниците се одликува со специјалнa Frozen Dark Grey боја, уникатни 20-инчни фелни со Y-облик на краци, црни шепи на системот за сопирање со карбон-керамички дискови ….

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Storie Alfa Romeo“, деветта епизода – 8C Competizione!

Мафијата во Италија од дрога заработила колку и Fiat од продажба на возила

„Storie Alfa Romeo” осма епизода- Дизајн, спортски дух и иновации: модел 156 автентичен  успех на брендот

Прв лет на патнички електрично- хидрогенски авион во В. Британија

Storie Alfa Romeo, сeдма епизода – Револуција на форми и бои: модели 33 Stradale, Carabo и Montreal

Јахта Tecnomar Lamborghini 63

Ford GT Le Mansory – тјунинг што ве обзема?

“Storie Alfa Romeo” 6-та епизода: Duetto, италијанскиот пајак го освојува Холивуд

„Storie Alfa Romeo“, петта епизода: Alfa Romeo спортска лимузина во служба на законот