Баварците ја потврдија електричната Series 7

И претходно се говореше за тоа дека во BMW планираат и електрична верзија на идната генерација на Serieѕ 7, а пак, денес, таа вест и официјално е потврдена и тоа од самиот врв на баварскиот производител на премиум автомобили …

Од BMW прецизираа дека новата генерација на нивната премиерска лимузина – Serieѕ 7 (на пазарот се очекува во текот на 2022 година) ќе биде достапна во изведби со бензински и со дизел погонски агрегати, како и plug-in hybrid, но исто така и во потполно електрична варијанта (најверојатно ќе го понесе името i7).

 

Последната, воедно, ќе биде и најмоќната „седумка” во понудата на кар – мејкерот од Минхен.

Исто така се наведува и дека сите верзии ќе бидат изградени околу истата платформа.

 

Од некои извори порано се лиферуваа информации дека во BMW подготвуваат верзии i7 и i7S, при што оваа втората, секако, ќе располага со поголема моќност.

Имено, според ти информации BMW i7 , наводно, би требало да добие погонски систем со моќ од 500KS,батерии со капацитет на моќност од 100 kWh.

 

Автономијата на возење со едно полнење на батериите би изнесувала  околу 600 km (по новиот пореален  WLTP циклус на тестирање).

Помоќната, пак изведба – BMW i7S би располагал со моќ од околу 670KS, а  пакет на батерии во неа би располагал со моќност од 120 kWh.

 

Таквиот погонски склоп би требало да понуди иста автономија на возење со едно полнење на батериите од 600 км иако на располагање ќе има поголема моќност и посупериорни перформанси.

Како што работите во моментот стојат овие автомобили би можеле да добијат и повеќе од еден електромотор во погонскиот систем што значи дека би можеле да добијат и погон на сите четири тркала.

Кога се ќе се земе во предвид, идните електрични премиум лимузини Mercedes  EQS како и новиот Jaguar XJ ќе имаат многу опасен ривал на пазарот на престижниот пазар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Страничното паркирање никогаш полесно

Honda најави опции на рачни контроли во новите модели

Технолошки и безбедносен напредок – BMW Driving Assistant View

Michelin најавува од 2023 гумите доаѓаат со чипови

BMW патентира волан што менува форма

Samsung претстави батерија за EV со досег од 800 км

Car2X нов технолошки бисер што доаѓа во Golf 8!

Авто-пилотот на Tesla ќе ги детектира боите на семафорите

Cupra Leon Competición подготвена за патеки со помош на 3Д принтер